Датум на објава:
Aug. 13, 2024, 5:37 p.m.
Во периодот од 10.07-25.07 се одржа Големата истражувачка акција на планината Јабланица. Јабланица е планина која личи на платно на врвен уметник, нејзините пејзажи се воодушевувачки и здивоодземувачки, а биодиверзитетот кој е присутен таму само дополнително ја краси оваа прекрасна планина.
Нејзината геоморфолошка структура, присуството на голем број претставници од флората и фауната, а секако овде особено би ги акцентирале ендемитите кои се наоѓаат на неа, големиот број на пасишта, шумски екосистеми, водни екосистеми како езерата и сл. се показател зошто оваа планина треба да биде Национален парк и да биде заштитено подрачје.
Истражувачкото друштво две недели интензивно ја истражуваше оваа убавина од планина, секоја од секциите успешно ја заврши својата работа, а во тек е и подготовка на извештај за севкупниот биодиверзитет на планината.
Во прилог се фотографии од нејзините пејзажи, а во текот на наредните денови ќе бидат објавени и фотографии од биодиверзитетот. Бидете во тек и уживајте во прекрасните слики!
Датум на објава:
Aug. 13, 2024, 5:37 p.m.