Развивање на капацитети за одржливост на Дојранското Езеро

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Во рамките на проектот: „Развивање на капацитети за одржливост на Дојранско Езеро“ финансиран од Critical Ecosystems Partnership Fund (CEPF), во 2015 год. во Дојран беа реализирани три истражувачки кампови наменети за студентите од Природно-математичкиот факултет насоки екологија и биохемиско-физиолошка. На овие истражувања беа присутни и  членови од претседателството на Истражувачкото друштво на студенти биолози.

Овие 3 истражувачки кампови имаа за цел да придонесат кон успешно исполнување на целите на проектот со кои учесниците преку обука и едукација и стручно подготвена програма ќе спроведуваат теренски и лабораториски анализи, пишување на извештаи и ќе се запознаат со вкупниот квалитет и важноста за одржување на животната средина во сливот на езерото. Една од главните цели на овие истражувачки кампови е утврдување на параметри за одржување и план на раководење со езерото кои ќе им послужат на надлежните од општината Дојран за негово управување.

На истражувачкиот камп исто така учествуваат и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање од секторот природа и секторот води, претставници од локални граѓански здруженија кои спроведуваат активности за заштита на животната средина во Дојран.

Во неколку-дневните истражувачки кампови, активностите опфаќаат научни презентации, теренска настава, земање примероци од литоралниот дел и подлабоки делови од езерото, како и земање на примероци од различни видови риби и алги, микроскопски набљудувања и анализи.

Добиените резултати од сите три истражувачки кампови, се синтетизирани во еден сеопфатен извештај изработен од стручни експерти.

Биолошки карактеристики кои укажуваат на квалитетот на водата во Дојранско Езеро

Што се истражуваше?

  • Физичко-хемиски параметри на водата
  • Алги
  • Макро без-рбетници
  • Риби
[caption id="attachment_1787" align="aligncenter" width="818"]Точка 1, 2 и 3 при извршување на анализите Точка 1, 2 и 3 при извршување на анализите[/caption] 2345678910111213141516Ова беа само извадоци од вкупниот, комплетен извештај. За да го погледнете истиот, кликнете тука. Корисни линкови:

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.