Студирајте Екологија

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Научните достигнувања во биологијата ги отворија новите видици на постоењето на животот во 21 век. Напредокот на сите биолошки дисциплини, на биолошката технологија, како и на биолошката мисла во целина, придонесе современите сознанија во биологијата да имаат широка примена во речиси секоја човекова активност. Денес, биолошките достигнувања наоѓаат примена во решавањето на глобалните проблеми, како и во искористувањето на енергетските ресурси, производството на здрава храна, подобрувањето на здравствените услови, загаденоста на животната средина и одржливиот развој. Затоа, примарна цел на секоја земја е да ги развива научните и истражувачките потенцијали и да создава услови за примена на достигнувањата од биологијата, како една од респектабилните научни гранки.
[su_note note_color="#a7f89d" text_color="#000000"]Што претставува Екологијата? [/su_note]

Ecology

Екологијата е научна дисциплина која ги изучува заемните односи на живите организми и нивната интеракција со животната средина. Темите на интерес на еколозите вклучуваат изучување на составот, поделбата, количината (биомасата), бројот, состојбите на промена на организмите во рамки на екосистемите но и помеѓу нив.

Екосистемот (се користи и терминот биогеоценоза) претставува целина од биотопот (неживиот дел) и биоценозата (живиот дел) на животната средина, во кој тие се наоѓаат во меѓусебно заемни односи и дејствија. Екосистемот е еден бескрајно сложен, динамичен систем на заемно поврзани делови кои дејствуваат еден врз друг, директно или индиректно. Поради ова, екосистемот е во постојана промена (или движење). Процесите на екосистемите како што се првичната продукција, педогенеза, циклусот на материи и разновидни активности кои го вклучуваат и создавање на нишите, го регулираат протекот на енергија и материја во животната средина.

[su_note note_color="#a7f89d" text_color="#000000"]Што се изучува?[/su_note]

birds

Екологијата, како интердисциплинарна област, се занимава и со следните проблематики - еколошките фактори на животната средина, (тука спаѓаат и Абиотичките фактори), популации во екосистемите - функционални групи на живите организми, типови на синџири на исхрана, кружење на материите во екосистемот, проток на енергијата во екосистемот, биогеохемиски циклуси, загадување и заштита на атмосферскиот воздух, извори на загадување на атмосферскиот воздух, природни извори, извори на загадување од антропогено(хумано) потекло, загадување на земјата со аеросоли, кисели дождови, тешки метали во атмосферската прашина и нивното акумулирање во расенијата и почвата, улога на растенијата во заштита на атмосферскиот воздух, загадување и заштита на водата, квалитетот на водите и показатели што го одредуваат квалитетот (физички показатели или хемиски показатели но и микроболошки показатели), класификација на водите според квалитетот, биолошка проценка на степенот на органското загадување на водите (сапробен систем), деградација и заштита на почвата (состав на почвата, структура на почвата, физички својства на почвата, хемиски својства на почвата, биолошки својства на почвата, деградација на почвата, ерозија на почвата, загадување на почвата со тешки метали, загадување на почвата со микроби, бактерии и вируси како резултат на антрополошката дејност, мерки за заштита на почвата), фактори од антропогено потекло, депонирање на отпадните материи (радиоактивните материи - проблеми од радиоактивното загадување, радиоактивна контаминација на атмосферскиот воздух, радиоактивна контаминација на хидросферата), дејството на пестицидите врз живите организми и животната средина, мониторинг на животната средина ...

Сите овие сегменти кои ја опфаќаат Екологијата - нивно разбирање и решавање на проблемите, студентите ќе ги совладаат преку извонредната практичната настава која опфаќа теренски и истражувачки кампови предводени од професори, асистенти или ментори. [?] (Кликнете на линкот за да се запознаете со практичната работа)

Затоа, оваа интердисциплинарна наука се издвојува од сите други кои ја опфаќаат биологијата како целина.

[su_note note_color="#a7f89d" text_color="#000000"]Информации за насоката[/su_note]

Untitled

Студии по Екологија - Природно-математички факултет

  • 1 циклус, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС кредити

Студиската програма за екологија се состои од 4 години (8 семестри) со што студентите добиваат 240 кредити. Професионалната титула по завршување на првиот циклус студии и одбрана на дипломска тема е Дипломиран еколог (Дипл. екол.). Овие додипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VII/2 степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации. Студиската програма дава можност за понатамошна континуирана едукација на повисоко ниво на студии. Имено, Институтот за биологија реализира втор циклус студии по екологија со кој се продлабочуваат знаењата во различните области на екологијата и животната средина, кои опфаќаат елементи од фундаменталните, апликативните и развојните аспекти на еколошките закономерности во животната средина.

Дополнителни информации за студиската програма може да ги најдете на следнит линк:   http://www.pmf.ukim.edu.mk/web/pages/studies/biology , или пак на официјалниот веб-сајт на Институтот за Биологија http://ib.pmf.ukim.edu.mk/

Доколку имате прашања нашиот email е: idsbiolozi@gmail.com

или пак пополнете ја следната форма

[CONTACT_FORM_TO_EMAIL id="1"]

 

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.