Откриен ген кој го продолжува животот и е отпорен на рак?!

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Еден од најдолговечните цицачи е гренландскиот кит, чиј животен век е дури 200 години. За разлика од луѓето, овој џин не го погодува ниедна болест која е поврзана со староста. Научниците успеале да издвојат еден ген кој им овозможува на овие цицачи да живеат подолго и поздраво од сите останати.gen11 Тие се запрашале како е можно вака големо животно, кое има за 1000 пати повеќе клетки од човекот, да се соочува со мал ризик од развивање на рак. Одговорот е дека китовите развиле природен механизам кој го спречува развивањето на канцерогените клетки.
Нашето сознание за разликите меѓу видовите, кога се работи за долговечноста, е многу скромно. Моето гледиште е дека различните видови, преку еволуцијата, развиле различни трикови за да си го продолжат животниот век. Ако ги проучиме механизмите кои ги развил гренландскиот кит, ќе бидеме во можност да ги развиеме тие сознанија и да ги употребиме во борбата против болестите кои се јавуваат кај луѓето за време на стареење, изјави авторот на студијата од универзитетот во Ливерпул.
gen Научниците издвоиле ДНК од мускулното ткиво на 51-годишна женка од овој џиновски цицач и го споредиле со генетска низа од 18 други цицачи меѓу кои и шимпанзо, слон, стаорец, птица и човек. Откриле генетски промени, кои се поврзани со клетките и ДНК, што им овозможува на китовите отпорност кон ракот, но и многу подолг животен век. Со оглед на тоа дека гренландските китови имаат многу побавен метаболизам од помалите цицачи, тимот на научници откри генетски измени кои се однесуваат на терморегулацијата, конкретно на ген наречен UCP1. Следниот чекор ќе биде експериментирање врз глувците на кои ќе им биде всадена оваа генетска низа за да се утврди влијанието за долговечноста и отпорноста од рак.

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.