Ехолокација кај делфини?!

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Терминот “ехолокација” се однесува на можноста што некои морски цицачи и лилјаци ја имаат и им овозможува  во суштина да “гледаат” со своите уши од слушање на ехото. Овој процес им овозможува на животните да ехолоцираат со производство  на звуци, а потоа примање и толкување како резултат на ехото. Звучните бранови кои се рефлектираат назад кон животните се покажуваат како специјализирани информации за растојанието до објектот или големината и насоката на пленот кога е недоволна осветленоста во водата. dolphin_Page_1Процесот на ехолкација започнува кога делфините испуштаат многу краток хидролокаторски пулсирачки звук наречен клик, кој трае обично помалку од 50-70 милионити дел од секунда. Челниот регион е изграден од масно ткиво, силно е осетлив и служи за ехолоцирање. Се однесува како акустички леќи преку кои животото може да испраќа насочени бранови. Посебни масти во лубеницата помагаат да се фокусира кликачкиот звучен зрак. Звукот се рефлектира од објектот кон кој што е насочен, потоа се прима од долната вилица. Од тука примените бранови се насочуваат кон ушните коски преку липидни канали. Карактеристиките на одекот се пренесуваат директно до мозокот. Освен кликовите, делфините испуштаат и звуци во вид на свирежи кое е уникатно за секоја единка и по него можат меѓусебе да се распознаваат. Мајката делфин на младото после раѓањето може и до неколку дена постојано да му “свирка” за да ова може да го научи и потоа да ја препознае по свирежот. Кај младите се забележуваат и фази во развојот на звучната комуникација, како гукањето кај бебињата од човекот. Младите делфини исто така имаат голема способност за имитирање на звуци и различни свирежи. ehoЗабележано е и дека делфините испуштаат различни звуци за различно расположение, и видот, должината и фрекфенцијата на звучниот бран самите делфини ја менуваат во зависност до длабочината на која се наоѓаат. Делфините се многу подвижни суштества и затоа може да ги насочат своите хидролокатор сигнали на објектот од многу различни просторни ориентации. Со делчиња различни на информации кои ги добиваат од секоја насока и бидејќи кликовите се толку кратки и бројни, повеќе рефлексии од внатрешните површини се враќаат кон животното како различни единечни информации и се користат од страна на делфинот да се прави разлика помеѓу различни типови на објекти, бидејќи тие имаат исклучително добра аудиторно-просторна меморија.     Се чини дека тие се способни да “се сеќаваат” на сите важни информации добиени од одеците земени од различни позиции и ориентации, како што се движат и ја скенираат нивната животна средина. Звуците кои делфините ги користат при ехолокацијата се на многу високи фрекфенции и се разликуваат од нивото на фрекфенциите со кои делфините комуницираат меѓусебно, кои се најчесто ниски фрекфенции.sonar-types Една од особеностите кои му се препишуваат на ехолокаторскиот систем на делфините е неговата способност за лечење на болести како аутизам, психосоматски болести, а во некои случаи и рак.   Така забележани се случаи каде девојче било излечено од леукемија со терапија со едночасовно пливање со делфини во рок од 3 месеца, децата со Даун синдром за 5 пати ја зголемиле способноста за учење ако како стимул за награда им било давано да пливаат со делфините, за разлика од други стимули што биле приложени. Научниците сметаат дека брановите што ги емитира сонарниот систем кај делфините има позитивен стимул врз продукција на т-клетки и лачењето на ендорфин, што од своја страна ја подобрува општата здравствена состојба кај луѓето. Во однос на психичките болести со истражувања е забележано дека луѓето после пливањето со делфините имаат хармонизирани импулси помеѓу десната и левата полутопка од мозокот. Брановите создаваат резонанца во коските кои преку ‘рбетот се пренесуваат на мозокот. Исто така забележана е така наречена кавитација на мекото ткиво, звуците од делфините се на таа фрекфенција што ги држат заедно молекулите и не им даваат да се распаднат. Подолга изложеност на таков вид на зрачење може комплетно да ја смени биомолекулската структура што во некоја мера може да го објасни лековитото дејство на делфините врз навидум неизлечиви болести. Освен за ориентација животните можат звукот да го користат и како механизам за напад или одбрана. Делфините имаат способност да испуштаат звуци на одредени фрекфенции кои можат да оштетат ткиво на некој нивни плен или напаѓач.

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.