Ентомолошка секција

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Инсектите се една од најдиверзитетните групи на организми кои ја населуваат оваа планета. Тие се првите животни кои го населиле копното, а исто така се и првите животни кои започнале да летаат. Еволуирале уште пред 400 милиони години, уште пред да се појави човекот, дури и пред да се појават диносаурусите. Пронајдени се фосили од инсекти кои покажуваат дека модерните претставници се многу слични со античките вилински коњчиња и бубашваби. Досега се познати околу милион рецентни видови на инсекти, а заедничко за сите нив е тоа што сите имаат по 6 екстремитети. Нивниот скелет се наоѓа на површината на нивното тело и затоа е наречен егзоскелет. Овој егзоскелет формира изновонредно цврста обвивка која ги заштитува меките внатрешни органи. Целта на оваа секција е да се дознае повеќе за биологијата на инсектите, но поради нивната голема разнообразност засега се истражуваат само некои групи, како што се дневните пеперутки, осите, скакулците, тркачите (тврдокрилци) и вилинските коњчиња. Собирањето на инсектите се извршува со помош на клопки и ентомолошки мрежи, а понекогаш е неопходно нивно препарирање за да се изврши прецизна детерминација. Раководител: м-р. Марија Тренчева Ментори на секцијата: Д-р. Славчо Христовски, д-р Диме Меловски [su_posts posts_per_page="35" tax_term="10" tax_operator="0" order="desc"]

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.