Мониторинг на Балкански Рис

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Почитувани студенти биолози, проектот ”Статус, екологија и окупираност на територијата кај критично загрозениот балкански рис Lynx lynx martinoi во Македонија и Албанија“ (реализиран од Македонско еколошко друштво) има потреба од волонтери за реализирање на теренските активности како барање на траги, работа со стапици за рис и радио телеметрија во периодот од 11 до 13 02.2011 година во националниот парк Маврово. Македонско еколошко друштво на волонтерите ќе им ги покрие патните трошоци, сместувањето и трошоците за храна. Заинтересираните студенти да се пријавуваат во клубот на Истражувачко друштво на студенти биолози и на следните адреси: ivanov@mes.org.mk (Ѓорги Иванов) и ljubica_zupanoska@yahoo.com(Љубица Жупаноска). Пријавувањето ќе трае до 28.01.2011 (Петок) до 15:00 часот за кога е закажан и состанокот помеѓу заинтересираните волонтери и членовите на МЕД за мониторинг на балканскиот рис. Состанокот ќе се одржи во Биолошкиот амфитеатар при Институтот за биологија а присуството за заинтересираните волонтери е задолжително. Поздрав, со надеж за соработка Ѓорге Иванов Македонско еколошко друштво 24.01.2011 година, Скопје

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.