Заедно да го спасиме Дојран!

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Дојранско Езеро, едно од трите природни езера во Македонија, некогаш богато со диверзитет, денеска страда од екстремната еутрофикација.

Како дозволивме од едно природно, незагадено, олиготрофно езеро да создадеме езеро кое е извор на потенцијални болести?

За да го решиме проблемот, треба да се навратиме во минатото, да видиме како се започнало...


1988 година, пристигнува барање од соседна Грција за користење на водите од Дојранското езеро, за наводнување на околните ниви на нивна територија. Се барало да се извадат 10 милиони m3 вода. Тогашните одговорни лица, и покрај тоа што знаеле за последиците кои би следувале доколку се прифати барањето на Грција, поради недоволна заинтересираност, дозволиле да се извадат 5 милиони m3 вода.

[caption id="attachment_2220" align="aligncenter" width="737"]Picture1 Дојранско езеро - 2001 година. Воден цвет [/caption]

Приметувајќи ја слабоста и незаинтересираноста на Македонската страна, Грција има искористено 21 милион m3 вода, или 4 пати повеќе од дозволеното. Не треба да сте експерт за да разберете дека губење на толкава количина на вода од едно Езеро со толкава големина, ќе сноси екстремно тешки последици и ќе дојде до ситуацијата во која сме денес.

Кога веќе ја знаеме основната причина што и како се случило т.е придонело за денешната состојба на езерото, тогаш да видиме точно каква е моменталната ситуација...
Моменталната состојба на Дојранско Езеро се наоѓа во петта категорија според Европската директива [?] . Петта категорија во превод би значело дека во езерото има преголема количина на хранливи материи кое доведува до анаеробни услови (отсуство на кислород). [caption id="attachment_2221" align="aligncenter" width="864"]Добиени резултати од истражувањата во 2015 година Добиени резултати од истражувањата во 2015 година[/caption] Ваквата состојба доведува до изумирање на ендемичниот видовит состав на Езерото, намалување како на флората така и на фауната. При вакви услови, се развиваат алги кои се токсични за околината како и за човекот[?]. При нашите истражувања во 2015 година во рамките на проектот: „Развивање на капацитети за одржливост на Дојранско Езеро“ финансиран од Critical Ecosystems Partnership Fund (CEPF) [?], евидентирани се огромни популации на родот Microcystis [?]. Утврдени се 8 видови од овој род. За споредба, во цела Кина досега се пронајдени само 5 видови од овој род. Според пронајдените алголошки заедници, внесот на вода од Николичка Река дополнително придонесува кон зголемување на степенот на еутрофикација на езерото. Според утврдената состојба со алгална флора, Дојранското Езеро се наоѓа под континуиран притисок од високи концетрации на отпадни материи што доведува до лошка еколошка состојба и лош статус на квалитет на водата [?]. Бентосната фауна значително се разликува од таа во минатото. Утврдено е значително намалено разнобразие (26 видови) на макро без'рбетници во бентосот на езерото. На каменито дно во плиткото крајбрежје не е утврдено присуство на планарии и амфиподни ракчиња кои некогаш беа постојани жители на оваа подлога, ниту пак декаподни ракови во заедницата на макрофитската вегетација. Ендемичниот полжав (Graecoanatolica macedonica) е во фаза на исчезнување [?]. Покрај се ова, се таложат огромни количини на органска материја настаната од природниот циклус на алгите која што дополнително ја влошува состојбата на ова реликтно Езеро. Што би превземале за да го решиме овој проблем и да го спасиме Дојранско Езеро? Дали тоа е изводливо и дали постојат начини? Ако постојат, кои се тие и зошто чекаме?
  1. Аерација
Поставување на аератори во езерото, снабдувани со сончева енергија (сончеви панели) или ветер. Овие аератори испуштаат кислород длабоко во водата и доведуваат до нејзино мешање. Ваквиот начин помага во справувањето со анаеробните услови. [gallery type="slideshow" size="large" ids="2222,2223,2224"] 2. Отстранување на седиментот Механичко отстранување на седиментираната мил. На овој начин се отстранува вишокот на органска материја која всушност го еутрофицира езерото. bager 3. Биоманипулација Механичко отстранување на растителната маса (трски), каде исто така се отстранува дел од органската материја од езеротоmasa Кога сме веќе свесни за овие работи, и ги знаеме начините со кој може да се справиме со проблемите, што не спречува да превземеме мерки? Ова е прашање за кое дефинитивно треба одговор!
Koрисни линкови: http://mk.rec.org/dojranlake https://www.google.com/microcystis http://idsbiolozi.com/cyanophyta-cyanobacteria/ http://idsbiolozi.com/rkdojran Автори на текстот: В.Ѓорѓиев Ф.Киселовски А.Ановски М.Тренчева  

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.