Месојадни растенија кој се хранат под земја

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Во бразилските савани се откриени нов вид месојадни растенија кои се хранат под земја. Растенијата, чии латински називи се philcoxia minensis, philcoxia goiasensis и philcoxia bahiensis, се во сродство со растенијата од родот antirrhinum, кај познати како зевачи. За разлика од зевачите, овие растенија се месојадни и се хранат со помош на мрежата од лепливи листови кои растат под земја. Овие подземни листови им овозможуваат на растенијата да ги заробат и сварат инсектите и црвите кои се движат под земја. Ботаничарите сметаат дека постои уште еден вод растение кој се користи со овој, засега непознат, начин на исхрана. Повеќето месојадни растенија ги користат листовите над земјата за да го фатат пленот.dn21338-1_500 Иако растенијата се откриени пред десетина години, научниците дури неодамна го утврдиле нивниот начин на исхрана. Доктор Питер Фриш, кој го водел истражувањето, ја зголемил потрагата по други слични растенија.
Првпат кога ги видов растенијата, не можев да поверуваm. Никогаш не сум видел нешто такво. Тие растат во особено сиромашна почва. Нивниот корен им дава само потпора, но тие имаат и листови кои растат под земја. Кога подобро ги разгледавме, забележавме остатоци од црви залепени на површината на листовите. Можно е да постојат и други вакви слични непознати растенија. Постојат уште многу познати видови, за кои уште не е утврдено дали се месојадни или не. Можеби некои од нив се адаптирале на ваков начин на исхрана, вели Фриш.
Авторот на студијата вели дека засега е нејасно како овие растенија го привлекуваат својот плен или дали едноставно го јадат тоа што ќе наиде и ќе се залепи на нивните листови.article-0-0F692D1C00000578-334_468x286

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.