Орнитолошка секција - Запознавање

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Примарна активност на орнитолошката секција е набљудување на птиците, утврдување на нивниот диверзитет и дистрибуција. Секоја птица, без разлика дали е дневно или ноќно активна, има специфични морфолошки карактеристики (како обојување на пердувите, форма и големина на телото), специфично однесување (став на птицата, начин на летање, движење по земја или по гранки, степен на социјализација), специфично огласување и карактеристичен опсег на живеалишта во кои се среќава.

Колку повеќе од овие информации познаваме за видот кој го набљудуваме, толку полесно и поточно ќе можеме да го идентификуваме.

Со цел ефикасна работа на терен, неопходно е секој набљудувач на птици да ги поседува основните орнитолошки реквизити: двоглед, теренски бележник (теренски дневник) и прирачник за птици. Дополнителната опрема како телескоп, фотоапарат, компакт дискови со снимени песни и повици на птиците и други аудио податоци, ќе придонесе за собирање повеќе и поточни податоци.

Податоците собрани на терен се класифицираат во листа која ги содржи информациите за локалитетот и живеалиштето, бројноста на забележаните видови, половиот сооднос, гнездечкиот статус, евентуално огласување и дополнителни информации за специфичниот начин на однесување. Вака обработените податоци служат за одредување на различни популациони параметри на орнитофауната на истражуваното подрачје.

Раководител: Данка Узунова e-mail: danka.uzunova@gmail.com


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.