Клеопатрина пеперутка

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Во родот Gonepteryx припаѓаат 10 вида кои се распространети низ Европа и умерените области на Азија, a 2 вида се пронајдени и во Северна Африка и еден вид G. nepalensis во Непал, каде е ендемичен. Gonepteryx cleopatra најверојатно е најубавата пеперутка од родот. Таа е пеперутка со средна големина и има распон на крилата од околу 3 см.

Овој вид има изразен полов диморфизам, женките се поголеми од мажјаците, и имаат бледо јаболково-зелена боја на крилата, а мажјаците се вчудоневидувачки поубави. Тие имаат потемно жолта боја на крилата, но горниот пар на крила имаат карактеристично портокалово обојување. Двата пола имаат кафени дамки во центарот на сите крила, а задната страна на крилата има зелено-жолта боја.

Долните крила се многу позаоблени отколку што се кај нивните блиски роднини Gonepteryx rhamni и G. farinosa. Таа населува топли, суви и каменести хабитати, вклучувајќи ги светлите листопадни или зимзелени шуми, грмушести и тревести предели. Најчесто може да биде пронајдена на 1200 метри надморска височина, но има некои рекорди од 3000 мнв. Таа лета од мај до август, освен во Шпанија каде се продуцираат 2 генерации во една година, и затоа може да се сретне во текот на целата година.cleopatra-2010-07-31-281a

Адултната единка хибернира на зимзелени дрвја и грмушки. Гасениците се исхрануваат со растението од родот Rhamnus. Кога гасениците се спремни да преминат во кукла (пупа) стадиум, тие се обвиваат со свилен појас за долната страна на листовите од растението со кое се исхрануваат. Зелената пупа постепено добива жолта и црвена боја, со што ги открива боите на крилата од имагото (адултна единка).

Оваа пеперутка скоро секогаш пие нектар од растенијата со затворени крила и затоа има многу ретки случаи каде во природна состојба е фотографиран нејзиниот распон на крила.cleopatra-2010-07-31-2741  
Референци:

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.