Видови на птици и исчезнати видови во Македонија

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

[su_row][su_column size="1/2"]

[su_box title="Колку видови птици има во Македонија?" style="bubbles" box_color="#50d574" title_color="#000000"]Првите податоци за орнитофауната на Македонија датираат од 1845 година. Од тогаш, преку 280 наслови наведуваат вкупно 332 видови. Осум видови се внесени во овој список и покрај тоа што се работи за возможно погрешно одредување на видовите, а уште два вида на основа на наоди во соседнте земји.

Од преостанатите 322 видови, најголем број (210 видови) се видови кои редовно гнездат во Македонија, а уште четири нередовно или само веројатно гнездат (при што 127 видови се станарки, односно се присутни преку целата година).

Уште 19 видови редовно се среќаваат во зимскиот период, а 32 видови се присутни единствено при нивните пролетни и/ или есенски миграции. Има и такви (два вида) кои во Македонија се присутни само во летниот период, иако не гнездат кај нас. Релативно е голем бројот на видови (27) кои само повремено може да се забележат на територијата на Македонија, затоа што таа не се наоѓа на нивните главни миграторни патишта, или се работи за единки кои скитајќи од нивните места за гнездење во поширокиот регион биле забележани и во Македонија.

До неодамна уште 15 видови биле регистрирани на територијата на Македонија на зимување, при миграција или само повремено, но во последните две-три децении отсуствуваат какви било податоци за истите. За жал, дури осум некогашни гнездилки сега се целосно исчезнати од Македонија, што е веројатно случај и со уште еден вид, за кој постојат скорешни непотврдени податоци.[/su_box]

[/su_column]

[su_column size="1/2"]

[/su_column] [/su_row]


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.