Пределна екологија - Запознавање

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Во рамките на истражувачката акција на Илинска Планина, за прв пат од постоењето на ова Друштво, беше формирана секцијата – Пределна екологија. Оваа секција освен тоа што претставува новитет во научните сознанија на студентите, претставува и пратење на светскиот тренд на оваа гранка од екологијата.

Истражувањата со кои се занимава пределната екологија се многу обемни и хетерогени од сферата на екологијата, меѓутоа главно преку неа можат да се исцрпат информации корисни за валоризација, уредувањето и успешното менаџирање со животната средина (поточно пределите како делови на биосферата).

Придобивките од познавањето за функионирањето на пределите би можеле да бидат од голема корист за запознавање на студентите со акциите и интеракциите помеѓу човекот и природата во минатото и денес. Главна задача на оваа секција беше да спроведе истражување за да се процени хранителниот капацитет на пределите во однос на потребите на мечката, со цел да се утврди капацитетот на овој биокоридор за популацијата на мечката.

  • Pаководител на секција: Лазар Николов (e-mail: nikolov_lazar@yahoo.com)

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.