Дали е откриен најстариот организам на планетата?

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Меѓународен тим научници откри организам што не еволуирал повеќе од 2 милијарди години, пренесува Daily Mail. Станува збор за бактерија која е идентична со микроскопски фосили пронајдени во западна Австралија, односно за организам што не се променил повеќе од 2 милијарди години.fosil Бактеријата е пронајдена во кал на западниот брег на Јужна Америка и делува идентично како фосилите пронајдени на карпи во западна Австралија. Според научниците, овие микроскопски организми живееле непроменето благодарение на сулфурни соединенија во седиментите каде првин лежеле пред околу 2.3 милијарди години. Студијата е објавена во Proceedings of the National Academy of Science. Професорот Вилијам Шоф од Универзитетот во Калифорнија смета дека овие микроорганизами се добро адаптирани на нивната едноставна и стабилна биолошка средина.
Делува неверојатно дека некој облик на живот не еволуирал две милијарди години, вели Вилијам.
Професорот Шоф планира испитување и на други бактериски фосили и нива споредба со модерни микроби. Според резултатите од студијата, ова откритие би можело да ја потврди теоријата за еволуцијата на Чарлс Дарвин според која во константно опкружување, во кое не се појавуваат физички промени, добро прилагодениот организам останува непроменет.

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.