ИДСБ ви го најавува третиот по ред Симпозиум со интернационално учество

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Истражувачко Друштво на СТУДЕНТИ БИОЛОЗИ го организира третиот по ред Симпозиум на студенти биолози со интернационално учество. Интернационалниот симпозиум на студенти биолози (ИССБ) ќе се одржи во склоп на V Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, во организација на Македонското еколошко друштво.

Симпозиумот ќе се одржи во периодот од 19-22 Октомври 2016, во хотел Метропол, кој се наоѓа на самото крајбрежје на Охридското езеро, на само 7 km од градот Охрид (деталите околу локацијата можете да ги најдете на мапата прикажана подолу).

Во рамките на симпозиумот студентите биолози од Македонија и од универзитетите со кои ИДСБ соработува, ќе имаат прилика да ги презентираат резултатите од својата научна работа пред научната јавност од регионот и пошироко, воедно и да разменат искуства и знаења. ИССБ 2016 претставува интердисциплинарен собир во чии рамки ќе бидат презентирани различни биолошки теми опфаќајќи ги областите на екологијата, таксономијата, физиологијата, молекуларната биологија итн.

Се надеваме дека големото разнообразие на презентирани теми ќе стимулира дискусија, размена на идеи и искуства помеѓу учесниците.
Сите презентации треба да бидат подготвени како постери. Само избраните абстракти (избрани од страна на Комитетот за организација) може да презентираат со орална презентација.

Мапа - Метропол Хотел 

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.