Запознајте ја нашата ботаничка градина (15 Фото)

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

fdfds  fdasasd -Развој на ботаничката градина Ботаничката градина се наоѓа во состав на Ботаничкиот завод на Институтот за биологија при Природно – математичкиот факултет во Скопје. Иницијативните активности поврзани со ботаничката градина датираат од 1948 година, кога по барање на Катедрата по биологија Управата на градскиот парк во Скопје отстапила простор за нејзино формирање. Покасно, 1951 година, со оградувањето на околу 14 ха земјиште, се зацртуваат границите на просторот наменет за ботаничката градина. Ботаничката градина претставува единствен објект од ваков вид во градот Скопје и пошироко во Република Македонија. Со својата дејност и местоположба таа постепено прераснува во значајна институција од наставно - научен, едукативен, културен и рекреативен карактер. Таа треба да претставува простор кој што со почитување, радост и задоволство, ќе биде посетуван од бројни вљубеници во природата, студенти, ученици, ботаничари, како од Македонија, така и од надвор. -Наставно-научна дејност Во ботаничката градина можат да се сретнат многу растителни видови, пред се од дендрофлората, која е застапена со околу 200 видови со различно географско потекло, а не е мал бројот и на автохтоните и алохтоните тревести видови, организирани во посебни систематски полиња. Големиот број на растителни видови овозможува одлични услови за нагледна настава од бројни ботанички дисциплини како за студентите, така и за учениците од основното и средното образование. Во ботаничката градина се одржува растителен материјал кој се користи при изведувањето на практичната настава за студентите од Институтот за биологија, медицинскиот и стоматолошкиот факултет, како и од интердисциплинарните студии по заштита на животната средина. Од посебно значење се можностите кои оваа ботаничка градината ги дава за изведување на експериментални работи во функција на дипломски и магистерски работи, како и докторски дисертации.  

ГАЛЕРИЈА 

Уживајте...


[su_slider source="media: 782,783,784,785,786,787,788,789,790,791,792,793,794,795,796" limit="15" width="400" height="340" title="no" pages="no"] [su_note note_color="#8bdd7b"]Застанете со глувчето на сликите и менувајте ги една по една.[/su_note]

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.