2012 Бабуна- Прва теренска активност

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Првата теренска активност за оваа година ќе биде еднодневно истражување по должина на текот на реката Бабуна. Ве покануваме да ни се придружите на 21 април 2012!

Секоја секција ќе им го објасни принципот на работа на новите членови! Биолози, хемичари, математичари… средношколци.. сите кои се заинтересирани за научно истражувачка дејност, без разлика дали се членови на друштвото или не, може да присуствуваат!

Присуството можете да го пријавите во клубот на биолози на Институтот по биологија при ПМФ или на mail адресата idsbiolozi@gmail.com!

Тргнувањето ќе биде од железничката станица во Скопје. Ќе патуваме со воз број 613. Збирно време е 08:30 пред железничката станица! Тргнуваме назад во 19:15 од Велес.

Цената за повратен билет е 121,00 денари. Со цел вадење на групна карта, финалната листа на членови ќе мора да ја формираме најдоцна до 17.04.2012. Поради тоа пријавете се на mail и во „Клуб на биолози“, најдоцна до наведениот датум, со плаќање на цената за повратен билет. Доколку во текот на оваа и следната недела не успеете да не најдете во клубот на биолози, на 16.04.2012 (Понеделник), сигурно ќе има присутни членови од 12:00-14:00 часот кај кои ќе можете да се пријавите за теренската активност.

Дојдете и бидете инфицирани со теренски дух.


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.