Втора еднодневна истражувачка акција – Пехчевска Река 2015

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

На 06.06.2015 (сабота) се одржа втората еднодневна истражувачка акција по течението на Пехчевска Река, близу градот Пехчево во Источниот дел на Републиката. Оваа акција е втора теренска активност на Друштвото планирана за оваа година. На терен присуствуваа околу триесетина члена кои поделени во неколку секции колекционираа материјали, фотографираа и означуваа и мапираа различни станишта како и животински и растителни видови. Рутата започна во г. Пехчево, по што се продолжи со движење во источен правец по течението на Пехчевска Река. Рутата опфати различни станишта како: букови шуми, борови шуми, земјоделско-обработливи површини, рипариска (крајречна вегетација), еродирани локалитети, влажни ливади, пасишта како и сфагнумски ливади. По пат се посетија неколку ново откриени локалитети на кои расте Drosera rotundifolia единственото инсективорно растеније на нашата територија. [caption id="attachment_1146" align="alignnone" width="445"]Drosera rotundifolia Drosera rotundifolia[/caption] Дел од рутата беше и посета на локалитетот Јудови ливади, близу Пехчево. По поминати две третини од рутата се направи мала пауза на која пред членовите им беа презентирани понатамошните активности на Друштвото за оваа сезона. Со завршување на овој терен, Друштвото започнува во полно пареа да се потготвува околу главната истражувачка активност за оваа година, а тоа е организирање на Големата истражувачка акција – Клепало 2015. Со теорија на терен - ИДСБ !
Галеријата ќе може да ја погледнете дополнително на нашиот фанпејџ. 1082125_929606280393909_943301532_n 11414376_929606303727240_360762358_n 11424654_929606013727269_1833580649_o  

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.