Голема истражувачка акција - Дешат/Шар Планина, 2016

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Во периодот од 09.-23.07.2015 година се одржа 22-та научно-истражувачка акција на ИДСБ. Oваа петнасетдневна акција се одвиваше во западниот дел на државата, односно на планината Дешат во планинарскиот дом "Говедарница" во периодот од 09.07 до 15.07, и во падините на Шар Планина каде групата беше сместена во планинарскиот дом "Љуботен".  Пред се, им се заблагодаруваме на планинарското друштво "Љуботен" за безрезервната помош и гостопримство при нашата екстремно тешка преселба во текот на акцијата. На оваа акција учество земаа околу 40-сетина членови на друштвото, како и членови-гости, професори и стручни соработници. На акцијата учество земаа професори и асистенти од ПМФ-Скопје, претставници од Институтот за екологија и еволуција при Бугарската Академија на Науките, професори од Институтот по биологија-ПМФ-Белград, како и членови на Македонското Еколошко Друштво. Во склоп на првиот дел од акцијата, друштвото го постави кампот на пасиштата од дворот на планинарскиот дом "Говедарница". Првичниот план беше истражување на биолошката разновидност планината Дешат како и едукација на членовите. Но секако, по 5 месечен напор, по цела органзизација за превоз и храна, снабдување на материјали и организирање на терени, мораме да напоменеме дека сме длабоко разочарани од односот на "НП Маврово". И покрај тоа што како организација, уредно поднесовме барање за дозвола за престој, уште од месец Април, при што елаборирaвме дека примарната цел на акцијата е здобивање на членовите дополнителна едукација во областа на биологијата и биолошката разновидност на Р. Македонија каде ќе имаат можност да изучуваат и применуваат најразлични истражувачки методи, не наидовме на поддршка од Националниот парк. Овие големи теренски акции на ИДСБ, се по само иницијатива и ентузијазам на студентите и токму ваквите ситуации ни потврдуваат дека слухот на оддредени институции во полето на научно-истражувачката работа е сеуште нем. И покрај сите овие препреки, желбата на студентите да се продолжи оваа акција преовладеа и успеавме да ја продолжиме истата на Шар Планина. Во овие 22 години, за прв пат ИДСБ во текот на една голема акција, успева да промени локација и тоа на 2 различни планини. [caption id="attachment_2504" align="alignnone" width="720"]Дел од студентите при преселбата во селото Жировница Дел од студентите при преселбата во селото Жировница[/caption] Потребни беа 8 часа, мактрпно преместување на опремата од кампот до селото Жировница. За да денот биде исполнет, заврна и град. Околу 18 часот на пладне, пристигнавме во Ново село на Шар Планина, каде повторно беа потребни префрлувања на работите. Поголемиот дел од групата пристигна во 22 часот во домот Љуботен, а мала група од 3 члена со останатите работи пристигна во 1 часот на полноќ. Уште еднаш, го поздравуваме односот на "ПД Љуботен". Ентузијазмот и упорноста на студентите преовладуваше, каде веќе утредента, на 16.07 се оддржа првиот терен на Шара. 13672289_10206565090862035_1679994549_n Во склот на оваа теренска акција, предвидено беше и тридневно кампување, но поради промена на локацијата не се оддржа. На ден 19.07, се тргна до посета на Ливадичко езеро. Временските услови беа премногу екстремни за да се продолжи па се вративме назад. Температурата изнесуваше 6 степени. Упорноста на 10тина члена да се стигне до Ливадичко езеро остана, па на 22.07 теренот се повтори. Пет часа искачување, дванаесет километри терен, 2,200 м.н.в. [gallery type="slideshow" size="medium" link="file" ids="2513,2514,2515,2516,2517,2518,2522,2523,2524"] Веќе утредента, групата го посети врвот Љуботен (2,498 м.н.в).  [gallery ids="2526,2527,2528,2529,2530,2531"] За време на теренот се колекционираше ентомолошки материјал, кој во импровизираната лабараторија во кампот се детерминираше и препарираше. Освен тоа се колекционираше и растителен материјал како и габи. [gallery type="slideshow" link="file" size="medium" ids="2507,2508,2509,2510,2511"] На акцијата се идентификуваа голем број на видови и претставници од локалниот растителен и животински диверзитет со забележување на неколку регионални, национални и локални ендемити.  Во наредниот период, очекувајте и извештаи од преостанатите секции.
Со истражувачки поздрав, Со теорија на терен

ИДСБ, 2016

 

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.