Подготвителна истражувачка акција - Матка, 2016 г.

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

На ден 04.03.2016та година (недела) ИДСБ ја организираше првата подготвителна еднодневна истражувачка акција на кањонот Матка. Оваа акција беше прв официјален терен на Друштвото за оваа година и беше наменета како за постарите, така и за новите млади членови на друштвото.12928197_1753920624839992_3847992965705300631_n

На терен присуствуваа околу 40 члена кои поделени во неколку секции колекционираа материјали, фотографираа, и одредуваа како растителни така и животински видови. Овој терен се одвиваше во подрачјето на манастирот Св. Никола Шишевски, во близината на селото Шишево, високо над карпите во кањонот Матка од десната страна на реката Треска.12932690_1753920441506677_5610012429466440594_n


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.