ПОВИК ЗА ДВАЕСЕТ И ШЕСТАТА ГОЛЕМА АКЦИЈА ‘’ ПЕЛИСТЕР 2019 ’’

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Со големо задоволство ве известуваме дека дваесет и шестата голема истражувачка акција „Пелистер 2019“ ќе се одржи од 08.07.2019 до 22.07.2019 на планината Баба - Пелистер.  Националниот парк „Пелистер“ се наоѓа помеѓу Преспанската Котлина и котлината Пелагонија. Тој е прв прогласен национален парк на територија на Република Македонија уште во 1947 година. Тој опфаќа дел од планината Баба и тоа со највисокиот врв Пелистер (2.601метар), а со височина од над 2.000 метри познати се уште некои други врвови на оваа планина.

Природните вредности на Националниот парк Пелистер

Највпечатливи одлики на фауната во Националниот парк Пелистер се нејзината разновидност и хетерогеност, како и присуството на голем број ендемични видови. Ендемичните видови се главно регистрирани кај без'рбетните групи на организми. Флората на Пелистер со своето богатство, разновидност и колорит претставува една од најзначајните вредности на биолошката разновидност на оваа планина. Тука растат 88 видови дрвја, што претставува застапеност на 29% од вкупната дендрофлора во Македонија.

АКТИВНОСТИ

На големата истражувачка акција студентите ќе бидат во можност да колекционираат материјал, кој по терените ќе биде обработуван во лабораторија. Студентите исто така ќе се во можност да работат заедно со своите ментори и заедно со сите стручни соработници и експерти, да ги прошират своите знаења, но и да стекнат нови, особено при работа на некоја нова методологија на терен. Како и секоја година до сега така и овој терен ќе биде поддржан од професори од Институтот за биологија при ПМФ – Скопје, постари, искусни членови на ИДСБ сега веќе докажани биолози, професори и стручни соработници како гости од соседните држави како и гости студенти и соработници од други држави со што се поттикнува соработката помеѓу сите учесници на самиот терен.

[caption id="attachment_17428" align="aligncenter" width="1280"] Брајчинска река[/caption]

Теренските активности ќе се остварат на претходно дефинирани рути преку постоечките активни секции:

Алголошка, Арахнолошка, Ентомолошка, Флористичка, Макрозообентос, Мамолошка, Миколошка, Орнитолошка, Херпетолошка, Биохемиско-физиолошка.

Покрај теренската работа и колекционирањето материјал, на големата акција ќе се одржат неколку презентации на различни теми од полето на биологијата презентирани од студенти, гости од странство или професори, исто така ќе биде организирано гледање на документарци и кратки филмови со цел поттикнување дискусии меѓу учесниците. Покрај научно-истражувачката работа, промоција на тимскиот дух и работа, важен дел од теренот е и забавната компонента, каде сите учесници ќе имаат можност подобро да се запознаат и уживаат во својот престој во природа.

Рути на движење

     
8 Пристигнување, сместување и средување на опрема
9 Брајчино-Брајчинска Река
10 Брајчино - Големо Врвче -Марушица
11 Слободен ден
12 Брајчино-Молика-Копанки-Палиснопје Автобус
13 Брајчино-Ѓавато-Вртешка Автобус
14 Брајчино - Штрбово
15 Слободен ден
16 Брајчино-Големо Езеро
17 Големо Езеро- Пелистер, Болници, Широка
18 Големо Езеро-Бојаџиев Врв
19 Големо Езеро-Сапунџица-Езерска Река
20 Големо Езеро – Козји Камен – Маловишка Река
21 Големо Езеро-Брајчино
22 Средување и заминување

Сместување:

Оваа година акцијата ќе одвива на две локации. Првата локација е селото Брајчино – Брајчински манастир, а вториот дел од акцијата сместувањето ќе биде на Големо Езеро - планинарски дом.

Прв дел ( 8 дена) - Брајчински манастир                                                                                                Православен манастирски комплекс сместен на 1000 метри надморска височина, на околу 500 метри источно од Брајчино, подигнат на ливадесто плато.

Втор дел ( 5 дена ) – Планинарски дом Големо езеро                                                                         Големо Езеро е постглацијално езеро на надморска височина од 2218 метри и е една од најатрактивните локации на националниот парк Пелистер, каде веднаш до Големо Езеро се наоѓа истоимениот планинарски дом.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Краен рок за пријавување е 27.06.2019. Котизацијата изнесува 1500 денари. Оваа сума вклучува организиран превоз (од Природно-математичикиот факултет во Скопје до Брајчински манастир и назад), сместување, храна (три оброци на ден) за 15 дена и останати организациски трошоци. Пријавените кои не се во можност да присуствуваат на целиот камп, во апликациониот лист да наведат кога се во можност да присуствуваат. Трошоците за превоз за ваквите случаи, учесниците ќе треба да си го покријат самите.

Задолжително е за сите апликанти да имаат учествувано најмалку на една еднодневна истражувачка акција.

 

АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО НА ГОЛЕМАТА ИСТРАЖУВАЧКА АКЦИЈА - ПЕЛИСТЕР 2019

[contact-form to="idsbiolozi@gmail.com" subject="Пријава за голема истражувачка акција"][contact-field label="Име и Презиме" type="name" required="1"][contact-field label="Е-пошта" type="email" required="1"][contact-field label="Секција" type="text" required="1"][contact-field label="Телефонски број" type="text"][contact-field label="Дали сте вегетаријанец?" type="checkbox-multiple" required="1" options="да,не"][contact-field label="Порака" type="textarea"][/contact-form]

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.