БИОФОТОКОНКУРС 2022

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

 
Со задоволство го објавивме единаесеттиот конкурс за биофотографија на тема: „ФЛОРА И ФАНТАЗИЈА“!
Главен мотив на фотографиите треба да бидат диворастечките растенија во Македонија. Оваа година ги фотографираме членестостеблените растенија (SPHENOPSIDA) и папратовидните растенија (PTEROPSIDA) - со своите три оддели: папрати (FILICINAE), голосемени (GYMNOSPERMAE) и скриеносемени (ANGIOSPERMAE) растенија.
Конкурсот трае до 15 Јуни 2022 година, а право на учество имаат сите граѓани без разлика на возраст, пол, националност, верска припадност или професија. Фотографиите треба да ги испратите на е-адресата idsbiolozi@gmail.com. Заедно со фотографиите, наведете ги координатите на кои сте го фотографирале растението (или пак само локалитетот), Вашето име и презиме и е-адреса (опционално и Вашиот телефонски број).
Најдобрите фотографии ќе бидат избрани преку гласање на Фејсбук и од комисија составена од претседателството на ИДСБ, професори по биологија и од професионални фотографи. Трите најдобри фотографии ќе бидат наградени, а сите пристигнати фотографии ќе бидат претставени на изложба која ќе се одржи на крајот на месец јуни.
 
Правила за учество на конкурсот:
    • Rастенијата (членестостеблени, папрати, голосемени и скриеносемени) мора да бидат диворастечки на територијата на Северна Македонија. Сценирани, фотошопирани и фотографии со вештачка сценографија нема да влезат во изборот на конкурсот, како и фотографии од собни или градинарски растенија;
    • На секоја испратена фотографија треба да стои воден печат со името или симболот на авторот;
    • Бројот на испратени фотографии од еден автор е ограничен на две;
    • Фотографијата не смее претходно да биде наградувана или објавувана;
    • Организаторот го задржува правото да ги објавува фотографиите во своите јавни публикации и изданија;
    • Фотографиите кои не ги исполнуваат условите нема да бидат објавувани;
    • Фотографиите кои ќе добијат гласови прекy „лајк-генератори“ на Фејсбук ќе бидат дисквалификувани
    Се надеваме на голем одзив и на многу фотографии од различни и интересни видови, а и да се видиме за брзо на терен за и заедно да фотографираме!

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.