ПОВИК: 25-та Голема Истражувачка Акција „Попова Шапка 2018“ (Планинарски дом Смрека)

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Драги идсбовци и љубители на природата, Ве известуваме дека дваесет и петтата голема истражувачка акција ((,,Попова Шапка 2018’’)) ќе се одржи на Шар Планина, во планинарскиот дом ,,Смрека’’ на Попова Шапка, во периодот од 07.07.2018 до 22.07.2018. Краен рок за пријавување е 30.06.2018. Котизацијата изнесува 1500 денари. Оваа сума вклучува организиран превоз (од Природно-математичикиот факултет во Скопје до планинарскиот дом Смрека и назад), сместување, храна (три оброци на ден) за 15 дена и останати организациски трошоци. Пријавените кои не се во можност да присуствуваат на целиот камп, во апликациониот лист да наведат кога се во можност да присуствуваат. Трошоците за превоз за ваквите случаи, учесниците ќе треба да си го покријат самите. Сите заинтересирани се пријавуваат преку пополнување на апликативниот формулар до кој може да пристапите преку следниот линк https://goo.gl/forms/kyMU1Rc0XOqAyvCR2. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 01.07.2018 година. Ги охрабруваме пред сè сите студенти, но и сите заинтересирани да се пријават и да земат учество на овогодинешната голема истражувачка акција. Стекнување на теренско искуство е од есенцијално значење за секој иден биолог.

За теренот и пределот:

Од домот постојат голем број на обележани (маркирани) планинарски и велосипедски патеки кои освен до Четирите централни и највисоки шарски врвови - Титов Врв (2748 м.), Мал Турчин (2702), Бакардан (2071), Плат (2398 м.) и долината на Лешница со изворите на реките Пена и Смрека, можни се и планинарски тури по цела Средна Шара кон врвовите Трапезица, Џинибег, Бориславец, Боговињско, Бело и Црно Езеро.

Посебно препознатлива е обележаната планинарска патека наречена „Вргањ“ која движејќи се кон Јелак и Плат минува низ густи прашумски предели во кои има изобилство на печурки - вргањ и шумски плодови. Од паркингот пред домот започнува и патеката за планинскиот-велосипедски маратон „Шарски Води“ во долижина од 90 км.

[su_button url="https://goo.gl/forms/kyMU1Rc0XOqAyvCR2" target="blank" background="#38e70c" color="#000000" size="7" wide="yes" center="yes" radius="round" icon="icon: thumbs-up" icon_color="#000000" text_shadow="0px 1px 0px #010101"]СЕ ПРИЈАВУВАМ[/su_button]
Нашето мото е: Со теорија на терен!  

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.