Најстарата мачка на светот која има 26 години!

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Guinness World Records неодамна ја претстави мачката која ја држи титулата на најстарата мачка во светот. Тифани Ту е мачка од расата tortoiseshell, со кратко влакно во црно-портокалова боја, која има 26 години. Тифани Ту е родена на 13. март 1988 во Сан Диего, Калифорнија. Била купена од страна на нејзината сопственичка Шерон Вурс во локалната продавничка за миленици за 10 долари, кога имала само шест недели.oldest-cat-living-tiffany-two-guinness-world-records-2_tcm25-371032 Следниот месец, кога Тифани Ту ќе наполни 27, тоа ќе биде еднакво на 125 години во животот на мачките. Иако е стара, таа сè уште има добар вид и слух. Тифани Ту моментално е најстарата жива мачка во светот според Гинис, а доколку сака да ја поседува титулата најстара мачка што некогаш живеела, ќе треба да го надживее мачорот Крим Паф (3.август 1967 - 6.август 2005), што живеел неверојатни 38 години и три дена.

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.