6-ти конкурс за биофотографија

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Почитувани, со задоволство ве информираме дека шесттиот по ред конкурс за биофотографија е официјално отворен со тема:

Крилјата над Македонија

И оваа година конкурсот е тематски! Како главен мотив на делата треба да бидат видови на птици кои се сретнуваат во нашата земја.

Со нетрпение ги очекуваме првите фотографии кои се испраќаат исклучиво на официјалниот мејл на конкурсот: biofotokonkurs@gmail.com

Правила:

Птицата/Птиците во фотографијата треба да се фотографирани во природна (нормална) состојба. Фотографии од фармирани, одгледувани птици и живина нема да се примаат. Сценирани или фотографии со вештачка сценографија, нема да влезат во изборот за Конкурсот.
На секоја испратена фотографија мора да стои воден печат со името или симболот на авторот.
Заедно со фотографиите се испраќаат и податоци (генералии за авторот).
Бројот на испратени фотографии од еден автор е ограничен на две фотографии.
Фотографијата не смее претходно да биде наградувана или објавувана.
Организаторот го задржува праватото да ги објавува фотографиите во своите јавни публикации и изданија.
Делата кои не ги исполнуваат условите нема да бидат објавувани.
Делата кои ќе добијат гласови прекy ткн. Like-генератори на FB ќе бидат дисквалификувани.
Право на учество имаат сите без разлика на: возраст, пол, националност и верска припадност.

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.