7-ми конкурс за биофотографија!

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Почитувани, со задоволство ве информираме дека седмиот по ред конкурс за биофотографија е официјално отворен со тема:
Магијата на Габите
И оваа година конкурсот е тематски! Како главен мотив на делата треба да бидат видови на габи кои се сретнуваат во нашата земја. Со нетрпение ги очекуваме првите фотографии кои се испраќаат исклучиво на официјалниот мејл на конкурсот: biofotokonkurs@gmail.com [su_row][su_column size="1/3"] [su_spoiler title="Правила на конкурсот" style="fancy"] Габите во фотографијата треба да се фотографирани во природна (нормална) состојба. Фотографии од видови кои што не се сретнуваат во нашата земја, нема да се примат. Сценирани или фотографии со вештачка сценографија, нема да влезат во изборот за Конкурсот.
На секоја испратена фотографија мора да стои воден печат со името или симболот на авторот.
Заедно со фотографиите се испраќаат и податоци (генералии за авторот).
Бројот на испратени фотографии од еден автор е ограничен на две фотографии.
Фотографијата не смее претходно да биде наградувана или објавувана.
Организаторот го задржува правато да ги објавува фотографиите во своите јавни публикации и изданија.
Делата кои не ги исполнуваат условите нема да бидат објавувани.
Делата кои ќе добијат гласови прекy ткн. Like-генератори на FB ќе бидат дисквалификувани.
Право на учество имаат сите без разлика на: возраст, пол, националност и верска припадност. [/su_spoiler] [/su_column] [su_column size="1/3"] [su_spoiler title="Награден фонд" style="fancy"]
  • За освоено прво место : Ваучер за бесплатно учество во 15-сет дневната истражувачка акција на ИДСБ
  • За освоено второ место: Ваучер за бесплатно учество на еднодневна истражувачка акција на ИДСБ
  • За освоено трето место: Промотивни материјали на ИДСБ (зборници, годишни билтени, научни списианија, брендирана маичка,капа и др.)
[/su_spoiler] [/su_column] [su_column size="1/3"] [su_spoiler title="Контакт" style="fancy"] -biofotokonkurs@gmail.com -Facebook страна [/su_spoiler] [/su_column] [/su_row]
  • Сите пријавени фотографии ќе бидат поставени на Facebook страната по изминатиот рок за пријавување, кога ќе започне гласањето со лајкови.
  • Фотографиите ќе се оценуваат според: FB лајкови, гласови од жири и гласови од Претседателството на ИДСБ.
  • Фотографиите се пријавуваат ИСКЛУЧИВО на e-mail адреса biofotokonkurs@gmail.com
  • Фото-конкурсот се затвара со изложба и прогласување на победници
РОК НА ИСПРАЌАЊЕ ФОТОГРАФИИ: 20.04.2017 ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ИМА НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА ФАН-СТРАНА НА ФЕЈСБУК.

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.