Запознавање со типот Cyanophyta(Cyanobacteria

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.


Што се Цијанобактерии (Цијанофити)?

Цијанобактериите т.е модро-зелените алги (Cyanobacteria - Cyanophyta) претставуваат група на прокариотски организми. Додека во алгологијата се сметаат за модрозелени алги, во микробиологијата тие се бактерии.

Модро-зелените алги, уште се наречени и цијанобактерии, бидејќи практично претставуваат бактерии во алгална форма. Овие алги лачат цијанотоксини, кои не се исто што и цијаниди.

[su_note note_color="#f95f66" text_color="#181313" radius="9"]

Цијанотоксините се голема група сложени протеински молекули, кои се поделени по начинот на нивното дејствување врз организмите, односно има:

  • хепатотоксини, кои дејствуваат на црниот дроб,
  • цитотоксини што влијаат врз сите клетки во организмот,
  • невротоксини кои влијаат врз нервниот систем и иританти на кожата, како и предизвикувачи на алергиски реакции

[/su_note]Не секогаш модро-зелените алги предизвикуваат токсичност на водата во езерата. За да се случи тоа потребни се одредени услови. Овој тип на алги вообичаено не се отровни, но како тие ќе реагираат зависи од условите на екосистемот во кој ќе се појават. Овие алги нормално не лачат токсини, односно нивните отрови не се примарни.

Но, во одредени услови, најчесто при нивна максимална доминација во екосистемот и под одредени околности кои се специфични за секој екосистем, тие влегуваат во таканаречен секундарен метаболизам, каде почнуваат силно да лачат токсични материи.

Алгите кога ќе се појават на површината на водата, значи дека доминираат во тој екосистем. Една иста модро-зелена алга, може во еден екосистем да е токсична, а во друг да не е.eutrophication

При масовен развој т.е при максимална доминација во еден слатководен екосистем, тие формираат воден цвет(еутрофикација) на површината на водата.

Поимот еутрофикација означува зголемена содржина на хранителни материи (фосфорни и азотни соединенија) во водените екосистеми што доведува до интезивен развој на примарните продуценти(алги и виши водни растенија).


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.