Galeodes - Сончев пајак

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

11079688_891364330884771_1302953595_n Ова е галеодес или сончев пајак. Иако го носи тривијалното име пајак, технички не се работи за пајак иако спаѓаат во иста класа како пајаците. Овој безрбетник живее во аридни, односо суви и топли региони. Тој е типичен пустински жител, но го има и во полупустините и во степите. Живеат во Африка и Азија, а јужниот дел на Балканот им е најсеверната точка на распространување. Се хранат со инсекти и се ноќни животни. Не се отровни и не напаѓаат луѓе. Во Македонија се среќава во степоликите региони како што се Мариово, Јужните делови на Овче Поле и Тиквешијата.   [caption id="attachment_985" align="alignnone" width="422"]Примерок најден од истражувачи во околината на Тиквешијата, 2014 год. Примерок најден од истражувачи во околината на Тиквешијата, 2014 год.[/caption]
Тој е ноќен ловец и се храни со инсекти или пак помали `рбетници. Преку текот на денот престојува скриен под површината, полу закопани или скриен во сенките на ниско стеблестите растенија. Во поголеми популации се забележува во Сев. Африка како и делови од Индија. Во Македонија е редок и поради неговата бројност и поради неговата екологија. Во некои држави во Африка, како дел од фолколорот е традиционлно организирање на борби меѓу скорпии и нив. Се ставаат во плетени кошници, а луѓето со влог се обложуваат за победникот.

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.