КОНКУРС ЗА БИОФОТОГРАФИЈА IX

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

  Истражувачкото друштво на студенти биолози, во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ го објавува деветиот конкурс за биофотографија. Оваа година темата на конкурсот е „Урбани безрбетници“. Главен мотив на фотографиите треба да бидат безрбетниците застапени во урбаните средини во Македонија. Во брзото секојдневие неколку минути се доволни за да им се насмевнеме на животинките кои се наши цимери во градот. Ајде да им оддадеме чест на истрајноста во градскиот урбанизам со совршена фотографија! Конкурсот трае до 30 мај 2019 година, а право на учество имаат сите граѓани без разлика на возраст, пол, националност, верска припадност или професија. Фотографиите треба да ги испратите на е-адресата biofotokonkurs@gmail.com. Заедно со фотографиите, наведете го Вашето име и презиме и е-адреса (опционално и Вашиот мобилен телефон). Најдобрите фотографии ќе бидат избрани преку гласање на Facebook, комисија составена од професори по биологија и од професионални фотографи. Трите најдобри фотографии ќе бидат наград, а сите пристигнати фотографии ќе бидат претставени на изложба. Награден фонд: книги, научно-истражувачки материјали, ваучери за еднодневна истражувачка акција, ваучер за двонеделна истражувачка акција, маички. Правила за учество на конкурсот:
  • Безрбетниците (стоногалки, скакулци, пеперутки, молци, пчели, оси, тврдокрилци, пајаци, црви, полжави, школки итн.) на фотографијата треба да се фотографирани во природна (нормална) состојба во урбана средина. Сценирани, фотошопирани и фотографии со вештачка сценографија нема да влезат во изборот на конкурсот;
  • На секоја испратена фотографија треба да стои воден печат со името или симболот на авторот;
  • Бројот на испратени фотографии од еден автор е ограничен на две;
  • Фотографијата не смее претходно да биде наградувана или објавувана;
  • Организаторот го задржува правото да ги објавува фотографиите во своите јавни публикации и изданија;
  • Фотографиите кои не ги исполнуваат условите нема да бидат објавувани;
  • Фотографиите кои ќе добијат гласови прекy „лајк генератори ќе бидат дисквалификувани.
  Лице за контакт: Алексеј Ановски - idsbiolozi@gmail.com;

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.