PlantNet - Апликација за препознавање на растенијата

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Pl@ntNet е апликација за споделување и пребарување на слики, за индетификација на растенијата. Таа е развиена од страна на научници од четири различни француски истражувачки организации (Cirad, INRA, Inria и IRD), како и од Tela Boranica network, со финансиска поддршка од фондацијата Agropolis.

Функционира така што прикачувате фотографија од некое растение. Потоа апликацијата бара во својата архива слично растение на она од вашата фотографија.plantnet-mobile

Апликацијата моментално има база со податоци за околу 6000 видови растенија што може да се најдат во Европа. Базата постојано се проширува, со тоа што дозволува корисниците да придонесат и  идентификуваат растенија што веќе ги нема во апликацијата. Воедно, веруваме дека со оваа апликација во иднина многу лесно и брзо ќе препознаваме видови растенија, за кои денес, ни одземаат време при нивно индетификување.

Повеќе информаци за оваа апликација може да погледнете тука.

Апликацијата е достапна како за iOS така и за Android.plantnet_lightbox


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.