Покана за прв ИДСБ настан во 2024

Датум на објава:
Feb. 19, 2024, 1:28 p.m.

Драги наши членови и пријатели,

Со почетокот на летниот семестар и наближувањето на пролетта, Истражувачкото друштво ја отвора и својата нова сезона на активности!  

Така, оваа среда (21.2.2024), друштвото ќе го прослави почетокот на  30тата година од своето постоење, а воедно и Светскиот ден на влажните живеалишта, со предавање за Преспа („Prespa's wet legacy“: celebrating world wetlands day).
Предавањето ќе се одржи во просториите на биолошкиот амфитеатар при Природно-Математичкиот факултет, со почеток од 15:00 часот, и ќе продолжи со коктел забава од 16:00 часот.
 
За оние кои се заинтересирани за првпат да станат дел од нашето друштво, ИДСБ ќе има поставено организирани штандови на факултетот, кои ќе бидат активни во текот на целиот ден. Таму ќе можете да поставите прашања и поубаво да се запознаете со нашите членови и годишни активности. Би ни било чест доколку ве видиме во поголеми броеви!
 
Голема благодарност до професорите Златко Левков и Славчо Христовски од Природно-математичкиот Факултет, кои се сложија да го водат ова предавање и да споделат со нас дел од нивото знаење.
 
Ве очекуваме наскоро,
ИДСБ
 

Датум на објава:
Feb. 19, 2024, 1:28 p.m.