Прва еднодневна истражувачка акција - 2024

Датум на објава:
March 16, 2024, 5:14 p.m.

С. ПОБОЖЈЕ - с. БРОДЕЦ - ГРЕБИШТЕ (907 мнв) - с. ПОБОЖЈЕ

Првата демонстрациска еднодневна акција ќе се одржи на 23 март 2024 (сабота) на Скопска Црна Гора. Еднодневната акција има за цел запознавање на новите членови, како и нивно запознавање со методологијата на истражување во избраната секција. Добредојдени се сите членови, и нови и стари!

Теренската рута започнува и завршува во с. Побожје. Поаѓањето е во 8:15 часот, од Транспортен центар со автобус број 61. Доколку некој одлучи да дојде со сопствен превоз, возилото ќе треба да го остави во с. Побожје.

Теренската рута е лесна, наменета за нови неискусни истражувачи, со вкупна елевација од околу 300м. Патеката се движи низ дабова шума и ридски пасишта.

Со себе понесете храна и вода, соодветни обувки, како и љупобитност и желба за истражување!

Пријавете го вашето присуство овде.

 


Датум на објава:
March 16, 2024, 5:14 p.m.