СТАНИ ИСТРАЖУВАЧ: од идеја до труд

Датум на објава:
March 26, 2024, 9:11 p.m.

Веќе 30 години целите на ИДСБ се: истражување, едукација, публикација. Честопати како биолози се среќаваме со потребата да читаме научни трудови за различни цели. Меѓутоа, неопходно е како истражувачи и идни научници да го знаеме целиот процес за реализација на еден научен труд.

Токму затоа, благодарение на искусни ИДСБовци и професори, ќе се одржи серијата работилници: Стани истражувач: од идеја до труд.
Оваа серија работилници ќе има за задача преку неколку предавања да објасни како една замисла може да стане значаен пишан текст. 
Најпрво ќе се запознаеме со конструкцијата на концепт за едно истражување, односно, како една идеја може да се преточи во концепт кој е всушност првиот и значаен чекор во подготовката на труд. 

Откако концептот ќе стане реалност, а експериментот заклучок, тоа мора уредно да се напише, поточно ќе се даде осврт кон тоа како се изработува еден труд. Вака, креативноста и иновативноста преку нашата идеја станува пишан документ. Од проблемот што го идентификуваме, преку методите што ги користиме, па сè до резултатите што ги добиваме, секој аспект е евидентиран и испишан. 

Можеби и најголемото задоволство доаѓа кога трудот ќе биде публикуван. Публикацијата на научен труд не е само формалност, туку го проширува влијанието на истражувачкиот дух и допринесува во научната заедница. Преку публикацијата, ние го пренесуваме нашето знаење и искуство, обележувајќи нова податоци кои ќе бидат отворен систем за размена на истражувања, критика и откритија. 

Со цел враќајќи ја публикациската дејност на друштвото, стекнатото искуство од оваа серија работилници ќе може да се сподели како финално четиво во престојниот билтен на Истражувачкото друштво на студенти биолози.


Датум на објава:
March 26, 2024, 9:11 p.m.