Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) веќе 8 години по ред, организира Конкурс за најдобра Биофотографија.
[su_row][su_column size="1/3"]
[su_spoiler title="Правила на конкурсот" style="fancy"]
- Сите конкурси се тематски.
- Во зависност од темата, субјектите треба да бидат фотографирани во природна (нормална) состојба. Сценирани или фотографии со вештачка сценографија, нема да влезат во изборот за Конкурсот.
- На секоја испратена фотографија мора да стои воден печат со името или симболот на авторот. - Заедно со фотографиите се испраќаат и податоци (генералии за авторот).
- Бројот на испратени фотографии од еден автор е ограничен на две фотографии.
- Фотографијата не смее претходно да биде наградувана или објавувана.
- Организаторот го задржува праватото да ги објавува фотографиите во своите јавни публикации и изданија.
- Делата кои не ги исполнуваат условите нема да бидат објавувани.
- Делата кои ќе добијат гласови прекy ткн. Like-генератори на FB ќе бидат дисквалификувани.
- Право на учество имаат сите без разлика на: возраст, пол, националност и верска припадност.
[/su_spoiler]
[/su_column]
[su_column size="1/3"]
[su_spoiler title="Награден фонд" style="fancy"]
- За освоено прво место : Ваучер за бесплатно учество во 15-сет дневната истражувачка акција на ИДСБ
- За освоено второ место: Ваучер за бесплатно учество на еднодневна истражувачка акција на ИДСБ
- За освоено трето место: Промотивни материјали на ИДСБ (зборници, годишни билтени, научни списианија, брендирана маичка,капа и др.)
[/su_spoiler]
[/su_column]
[su_column size="1/3"]
[su_spoiler title="Контакт" style="fancy"]
-biofotokonkurs@gmail.com
-Facebook страна
[/su_spoiler]
[/su_column]
[/su_row]
- Сите пријавени фотографии ќе бидат поставени на Facebook страната по изминатиот рок за пријавување, кога ќе започне гласањето со лајкови.
- Фотографиите ќе се оценуваат според: FB лајкови, гласови од жири и гласови од Претседателството на ИДСБ.
- Фотографиите се пријавуваат ИСКЛУЧИВО на e-mail адреса biofotokonkurs@gmail.com
- Фото-конкурсот се затвара со изложба и прогласување на победници