Оваа година ја одбележаа многу научни откритија и достигнувања по кои 2014 ќе остане запаметена. National Geographic направи листа на некои од најзначајните.
- 1. ДНК анализа на Ричард Трети

Кон крајот на годинава научниците ја завршија ДНК анализата на Ричард Трети, кој живеел во петнаесеттиот век. Откритието е важно бидејќи според ДНК анализа научниците успеале да реконструираат генетски докази за 20 генерации потомци и предци на кралот. Всушност, ова е и најстариот забележан случај на ДНК анализа на некоја позната историска личност.
- 2. Снимка од „морско чудовиште“
Годинава беше за прв пат објавена снимка од рибата црн морски ѓавол.
- 3. Успешно слетување на комета
Европската вселенска агенција успешно го изведе слетувањето на леталото Philae на површината на комета.
- 4. Откриен голем комплекс околу Стоунхеџ
Тим научници открија голем комплекс од скриени камени структури околу Стоунхеџ.
- 5. Во Кина откриен фосил на цицач стар повеќе од 200 милиони години

Приватни колекционери и палеонтолози аматери открија фосили на цицачи кои укажуваат на тоа дека цицачите се постари отколку што мислевме.
- 6. Откриени остатоци од досега најголемиот диносаурус
Во Аргентина годинава беше откриен титаносаур, односно остатоци од диносаурус тежок околу 14 слона кој живеел пред 95 милиони години.
- 7. Објавено истражување во кое 50-годишна пациентка е излечена од леукемија со голема доза на вакцина против сипаници
Во мај клиниката Мејо објави истражување во кое 50-годишна пациентка болна од леукемија е излечена со вакцина за сипаници.