Прва демонстрациска еднодневна истражувачка акција на ИДСБ за 2026 година, наменета за нови членови, со теренска рута на Скопска Црна Гора.
ИДСБ официјално ги започнува своите истражувања за 2026 година.
По тој повод, ве известуваме дека ќе се одржи првата демонстрациска еднодневна истражувачка акција. Акцијата е наменета за сите нови членови, со цел да се запознаат со постарите членови, раководителите на секциите и менторите, како и со теренската методологија и начинот на функционирање на ИДСБ на терен.
Акцијата ќе се одржи на 28.03 (сабота), со поаѓање во 7:10 часот од Транспортниот центар, со автобус број 65.
Теренската рута започнува од селото Раштак и продолжува по планинските патеки на Скопска Црна Гора, сè до Раштачки Бачила.
Ги замолуваме сите кои ќе користат ЈСП превоз да бидат кај Транспортниот центар најдоцна до 7:00 часот.
Теренот е лесен, со вкупна должина од 12 километри и е наменет за нови и неискусни истражувачи. Потребно е да понесете најмалку 2,5 литри вода и доволно храна,а препорачливо е со себе да имате и јатки, суво овошје и енергетски барови.
Потребна опрема:
Ве замолуваме да го потврдите вашето присуство на следниот линк.
Потсетник: За време на оваа истражувачка акција ќе можете да ја обновите членарината, доколку досега не сте го сториле тоа.
Ве очекуваме!
Датум на објава:
March 19, 2026, 7:20 p.m.