Птичарење во парк 25.04

Птичарење во парк 25.04

Дали знаете дека во градски парк Скопје можат да се видат дури 100 различни видови на птици?

Датум на објава April 18, 2026, 6:45 a.m.

Дали знаете дека во градски парк Скопје можат да се видат дури 100 различни видови на птици?

Ако сакате да дознаете повеќе за нив пријавете се на (google form)

Поради опрема групата ќе е ограничена на 10 учесници, но доколку има интерес останатите ќе имаат шанса да се вклучат во следните истражувачки акции.

Што да очекувате?
Преку лесна прошетка во градски парк ќе ги истражуваме птиците со двогледи, ќе ги слушаме и ќе учиме како да ги препознаваме преку нивните повици и песни. 
Секој ќе има шанса да научи и да фотографира птици и ќе си ги добие за себе фотографиите што ги направил/а.

Ќе ја користиме апликација ptici.mk, направена од Македонско Еколошко Друштво, за да ги внесеме птиците што сме ги виделе и да придонесеме за науката за птици во Македонија.

На крај ќе седнеме на кафе/чајче во централ парк, ќе си муабетиме за омилени птици, ќе учиме за разлики во препознавање, а кој сака ќе може и да нацрта дел од птиците што ќе ги видиме.

Што да понесете:
- желба за истражување
- двоглед доколку имате (ако немате ќе ви биде обезбеден)
- прибор за цртање (доколку сакате)

Обучувач: Димитар Ставрески - психолог, студент на екологија и ентузијаст птичар
Контакт инфо: jimmy.stavreski@gmail.com
077992469


Датум на објава:
April 18, 2026, 6:45 a.m.