Истражувачкото друштво на студенти биолози ве поканува на дводневна истражувачка акција во Демир Капија.
Истражувачкото друштво на студенти биолози ве поканува на дводневна истражувачка акција во Демир Капија.
Акцијата ќе се одржи за време на викендот, на 9 и 10 мај 2026 година.
За оние кои не се во можност да останат со кампување, постои можност да се приклучат само на 9 мај и да учествуваат во еднодневното истражување.
Пријавените учесници треба да бидат на Железничката станица во Скопје НАЈДОЦНА до 06:00 часот.
Патувањето е со воз, а тргнувањето е во 06:20 часот.
Повратниот билет чини 223 денари за студенти до 27 години. За користење на студентскиот попуст, задолжително понесете студентска легитимација. Сите пријавени учесници, почнувајќи од понеделник, можат да набават повратна карта за воз на Железничката станица.
Пријавувањето преку формата е задолжително и треба да се направи најдоцна до петок, 08.05.2026, до 12:00 часот.
Кампувањето ќе биде организирано на кампинг-локацијата во Демир Капија, која е опремена со тоалети, тушеви, кујна, Wi-Fi и струја. За учесниците кои ќе останат со кампување е предвидена симболична партиципација од 100 денари.
Потребно е со себе да понесете:
Доколку немате шатор, слободно пишете ни.
Понесете доволно храна за првиот ден и најмалку 2,5 литри вода. Дополнителна храна ќе може да се купи таму, бидејќи местото за кампување се наоѓа во близина на градот.
Потребна опрема:
Важно:
Потребно е да бидете практично и компактно спакувани, без носење непотребни работи.
Вашето присуство пријавете го ТУКА.
За дополнителни прашања, можете да ни пишете на:
idsbiolozi@gmail.com
Напомена:
Учесниците кои досега немаат платено членарина, ќе имаат можност да ја подмират за време на оваа истражувачка акција.
Ве очекуваме!
Датум на објава:
May 1, 2026, 7:50 a.m.