Голема истражувачка акција - Шар Планина 2026

Голема истражувачка акција - Шар Планина 2026

Истражувачкото друштво на студенти биолози оваа година по 32-ри пат организира голема истражувачка акција

Датум на објава June 22, 2026, 7:33 p.m.

Голема истражувачка акција на Шар Планина

Истражувачкото друштво на студенти биолози оваа година по 32-ри пат организира голема истражувачка акција, која ќе се реализира во рамките на Националниот парк Шар Планина.

Поаѓањето е предвидено за 10.07.2026 година, а истражувачката акција ќе трае до 26.07.2026 година.

Бројот на учесници е строго ограничен, па затоа за учество потребно е да се исполнуваат следните критериуми:

  1. Учество на најмалку два од претходно организираните терени (еднодневна, дводневна или тридневна истражувачка акција).
  2. Да се биде студент или дипломиран студент на Институтот за биологија или во сродна област.
  3. Присуство на дел од предавањата организирани од ИДСБ за Шар Планина, особено на предавањето посветено на безбедност во планина.
  4. Доколку кандидатот не е биолог, или не бил на минимум два терени годинава, потребно е да достави мотивационо писмо во кое ќе ја образложи целта на своето учество на Големата истражувачка акција.

Сместувањето ќе биде на три различни локации:

  1. Од 10.07 до 16.07 престојот ќе биде во селото Вејце, од каде ќе се истражува овој дел од Шар Планина.
  2. Од 17.07 до 23.07 учесниците ќе престојуваат во Планинарскиот дом Љуботен и ќе ги истражуваат околните подрачја.
  3. По завршувањето на овој дел од програмата ќе следува четиридневно кампување на терен.

Секој избран учесник, ќе мора да плати котизација од 1500 денари.

НАПОМЕНА 1: СУМАТА ОД 1500 ДЕНАРИ ОСТАНУВА ИСТА, НЕЗАВИСНО ОД ТОА ДАЛИ НЕКОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА 5, 10 ИЛИ 15 ДЕНА!

НАПОМЕНА 2: НАЈМАЛ БРОЈ НА ДЕНОВИ ЗА УЧЕСТВО Е 5 ДЕНА!

НАПОМЕНА 3: СЕ ОЧЕКУВА, СЕКОЈА СЕКЦИЈА, ВО КООРДИНАЦИЈА СО СВОЈОТ МЕНТОР, ДА ПРОИЗВЕДЕ НАУЧЕН ТРУД КОЈ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН ВО ОВОГОДИНЕШНИОТ БИЛТЕН НА ИДСБ, КАКО И ПОСТЕР/ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ОВОГОДИНЕШНИОТ СИМПОЗИУМ НА СТУДЕНТИ БИОЛОЗИ.

НАПОМЕНА 4: СИТЕ ТЕРЕНИ ВО ТЕКОТ НА ОВАА ИСТРАЖУВАЧКА АКЦИЈА ЌЕ БИДАТ ДОЛГИ И ФИЗИЧКИ ЗАХТЕВНИ, СО ГОЛЕМИ ВИСИНСКИ РАЗЛИКИ. ЗАТОА, УЧЕСНИЦИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ВО ДОБРА ФИЗИЧКА КОНДИЦИЈА И ПОДГОТВЕНИ ЗА ВАКВИ ТЕРЕНСКИ УСЛОВИ.

Бројот на учесници кои ќе бидат избрани, е ограничен. Конкурсот за аплицирање е отворен до 06.07.2025 до 13:00 часот, а прифатените кандидати истиот ден ќе бидат контактирани.

Пријавувањето за учество се врши преку следниот линк.

Ве очекуваме!

 

 


Датум на објава:
June 22, 2026, 7:33 p.m.