Истражувачкото друштво на студенти биолози ве поканува на тридневна истражувачка акција на планината Јабланица.
Истражувачкото друштво на студенти биолози ве поканува на тридневна истражувачка акција на планината Јабланица.
Оваа истражувачка акција е дел од проектот „Заштита, анализа и проучување преку акција на биодиверзитетот“, добиен од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Акцијата ќе се одржи од 23 до 25 мај 2026 година, со сместување во планинарскиот дом во Вевчани, на локалитетот Јанков Камен.
Превозот за учесниците е обезбеден и финансиски покриен од страна на ИДСБ. Учесниците кои ќе доаѓаат со сопствен превоз можат да пристигнат самостојно, во време кое им одговара, со претходна најава до организаторот.
За учество во акцијата е предвидена партиципација од 300 денари по учесник.
Капацитетот на домот е ограничен, па затоа ги охрабруваме учесниците да се сместат во шатори. Доколку немате шатори, ИДСБ располага со ограничен број на шатори кои можат да ви помогнат. Домот располага со струја, тоалет и туш, а храната ќе се подготвува на истото место.
Бидејќи дел од учесниците ќе бидат сместени во шатори, задолжително е со себе да понесете:
1. шатор
2. изомат
3. вреќа за спиење
Забелешка: вреќа за спиење да понесат и оние кои ќе бидат сместени во домот!
Задолжителна теренска опрема:
Забелешка: храната ќе биде снабдена од ИДСБ, но секогаш е добро со вас да имате резервна храна
ВАЖНО:
Бројот на учесници е ограничен. Рокот за пријавување е до 21.05.2026 година, четврток, до 20:00 часот. Прифатените апликанти, истиот ден ќе добијат детален мејл со инструкции за поаѓањето, сместувањето како и структурата на терените.
Можете да се пријавите со пополнување на ФОРМАТА.
За дополнителни прашања, можете да ни пишете на:
idsbiolozi@gmail.com
Ве очекуваме!
Датум на објава:
May 16, 2026, 3:49 p.m.