По повод претстојната Голема истражувачка акција на Шар Планина, ИДСБ организира серија предавања.
По повод претстојната Голема истражувачка акција на Шар Планина, ИДСБ организира серија предавања. Преку теми од областа на геологијата, биологијата и безбедноста во планина, учесниците ќе имаат можност подетално да се запознаат со природните особености на овој масив.
Со овие предавања се настојува членовите да стекнат цврста теоретска основа пред излегувањето на терен, со што ќе се овозможи поефикасно и научно поквалитетно спроведување на истражувањата.
Предавањата се отворени за сите заинтересирани. Доколку сакате да дознаете повеќе за Шар Планина ве покануваме да ни се придружите.
Ве очекуваме!
Датум на објава:
June 9, 2026, 6:52 a.m.