Шесто издание на БИЛТЕН на Истражувачкото друштво на студенти биолози

Шесто издание на БИЛТЕН на Истражувачкото друштво на студенти биолози

Шесто издание на БИЛТЕН на Истражувачкото друштво на студенти биолози

Датум на објава April 2, 2026, 10:04 a.m.

Со голема чест и задоволство ве известуваме дека по скоро 6 години ќе го публикуваме шестото издание на Билтенот на Истражувачкото друштво на студенти биолози!

Целта на Билтенот е да се реализира публикативната дејност на Друштвото. Со оглед на тоа дека се поминати повеќе години, свесни сме дека има акумулација на истражувања од најразлични области во биологијата, па овој повик е прилика истите тие да бидат објавени!

Право на поднесување на труд имаат сите студенти кои имаат извршено легитимно истражување во областа на биологијата, од факултетите на биотехничките насоки (Природно-математички факултет, Факултетот за земјоделски науки и храна, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг, Факултет за ветеринарна медицина и други факултети при УКИМ и пошироко).

Крајниот рок за поднесување на труд е 31.07.2026 година!

Во прилог, е прикачено упатството за пишување на труд, на англиски и на македонски јазик. Ве замолуваме строго да се водите по правилата кои се наведени во упатството! 

Поднесувањето на трудот се прави на овој веб-сајт. Откако вашиот труд ќе биде подготвен согласно сите правила од упатството, во полето ПУБЛИКАЦИИ ќе го одберете делот SUBMIT AN ARTICLE FOR REVIEW каде ќе ги внесете конкретните информации кои се бараат од вас.

Доколку имате потреба од повеќе информации во врска со било што, слободно контактирајте не на нашиот официјален мејл idsbiolozi@gmail.com или на личните мејлови:

ivan.arsov44@gmail.comИван Арсов, Главен и одговорен уредник на 6. Билтен на ИДСБ

lina.gegoska@gmail.comЛина Гегоска, Заменик главен и одговорен уредник на 6. Билтен на ИДСБ

Однапред ви благодариме за вашите пријавени трудови, кои ги очекуваме во што поголем број и за вашата поддршка за реализација на еден од најважните сегменти од работата на ИДСБ!

УПАТСТВО ЗА ПИШУВАЊЕ НА ТРУД

PAPER WRITING GUIDELINES 


Датум на објава:
April 2, 2026, 10:04 a.m.