Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Овие 3 истражувачки кампови имаа за цел да придонесат кон успешно исполнување на целите на проектот со кои учесниците преку обука и едукација и стручно подготвена програма ќе спроведуваат теренски и лабораториски анализи, пишување на извештаи и ќе се запознаат со вкупниот квалитет и важноста за одржување на животната средина во сливот на езерото. Една од главните цели на овие истражувачки кампови е утврдување на параметри за одржување и план на раководење со езерото кои ќе им послужат на надлежните од општината Дојран за негово управување.
На истражувачкиот камп исто така учествуваат и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање од секторот природа и секторот води, претставници од локални граѓански здруженија кои спроведуваат активности за заштита на животната средина во Дојран.
Во неколку-дневните истражувачки кампови, активностите опфаќаат научни презентации, теренска настава, земање примероци од литоралниот дел и подлабоки делови од езерото, како и земање на примероци од различни видови риби и алги, микроскопски набљудувања и анализи.
Добиените резултати од сите три истражувачки кампови, се синтетизирани во еден сеопфатен извештај изработен од стручни експерти.
Биолошки карактеристики кои укажуваат на квалитетот на водата во Дојранско Езеро
Што се истражуваше?
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.