Пајаците се многу важна група на животни. Тие се распространети во скоро сите еко системи и имаат важна улога во биодиверзитетот. Има многу видови на пајаци (над 30.000 видови) и тие се исклучиво копнени членконоги, но има и водни видови како што е Arguroneta aquatica.
Пајаците се собираат со помош на специјални, многу меки пинцети и се ставаат во епрувети наполнети со 70% алкохол. Потоа работата продолжува во лабораторијата каде што се набљудуваат под бинокулар. Се детерминираат според градбата на половиот систем.
Телото на пајаците е составено од 2 дела: цефалоторакс – преден дел и абдомен – заден дел. Телото е несегментирано, а абдоменот се надоврзува на цефалотораксот со дршка. Пајаците имаат 4 пара на нозе, и уште еден пар кои се многу помали и се викаат педипалпи и се наоѓаат веднаш до хелицерите.
Педипалпите воглавно им служат при исхраната, со нив го придржуваат пленот. Меѓутоа кај мажјаците педипалпите на нивниот врв се малку видоизменети и се претворени во секундарен полов орган. Тие им служат за размножување и главната детерминација на мажјаците се одвива токму преку нив. Пленот го фаќаат и усмртуваат со хелицерите , на чиј врв има канџа каде се наоѓа отворот од каде го вбризгуваат отровот во жртвата.
Најчесто овој отров е безопасен за луѓето, со исклучок на отровот на црната вдовица (Lactrodectrus tredicimguttatus) кој делува на нервниот систем и предизвикува парализа на срцевиот мускул и белите дробови и делува смртоносно заради тоа, за разлика од змискиот отров кој делува само хемолитички и е помалку смртоносен во однос на отровот од црната вдовица.
На абдоменот немаат екстремитети, но затоа се забележуваат видоизменети прирастоци, односно пајажинести брадавици. Со нив пајаците плетат најразновидни мрежи. Mеѓутоа има и видови кои воопшто неплетат мрежи. Ако се улови голем плен на пајажината, пајакот приоѓа и му помага да се ослободи од неа, но доколку пленот е помал, тојбрзо гонапаѓа, го парализира со отровот, го завиткува со многу леплива пајажина и го онеспособува да се движи, за да потоа може да го изеде. Притоа му ги вшмукува внатрешните течности.
Освен за заштита и ловење, пајажината им служи и за правење на кокони – гнезда, во кои женката ги сместува јајцата или ги носи со себе додека не созреат младите. По созревањето, дел преживуваат, а дел умираат или ќе бидат изедени од други инсекти.
Раководител на секција: Славе Накев (slave.nakev@yahoo.com)Ментор на секција: М-р. Марјан Комненов
[su_posts posts_per_page="35" tax_term="7" tax_operator="0" order="desc"]