Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Пештерата Ѓоновица (народно именувана како Убавица) се наоѓа на планината Буковиќ, над самиот стар пат Гостивар - Кичево, во близина на селото Горна Ѓоновица. Изградена е вдолж раседна линија, во правец север-југ. Овој расед избива и на површината на Буковиќ, за што сведочи скарстената суводолица која се протега во ист правец. Во поголемиот дел на пештерата, со исклучок на влезниот канал (85 м), присутен е постојан подземен водотек.
Покрај многубројните и разновидни пештерски украси со кои изобилува пештерата, особено интересно е последното пештерско проширување. Тоа со димензии од 10 до 13 метри и претставува еден џиновски котел каде што водата од водопадот прави вител. Бучењето на водопадот кој е со височина од 6 метри и прекрасниот пештерски накит ја откриваат убавината на подземниот свет.
Во пештерата Убавица истражувана е и рецентната пештерска фауна, при што е регистриран ендемскиот претставник на родот Ceutnophies, наречен Ceutnophies bukoviki.
Пештера Ѓоновица / Cave GjonovicaИстражување на пештерата Ѓоновица / Exploring Cave Gjonovica Аплицирано за конкурсот за аматерско видео #ehofilmfest кој е поддржан од www.pro-sport.com.mk Applied for competition for amateur video #ehofilmfest which is supported by www.pro-sport.com.mk Снимател / Camera : Беркер Самет Видео монтажа / Video production : Александар Стојаноски Повеќе на / More on : https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10156148961560074.1073741859.10150133188655074&type=3
Posted by Exploring Society "Ursus Speleos" //\\ Истражувачко Друштво "Урсус Спелеос" on Friday, December 18, 2015
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.