Еволутивен развиток на вишите растенија: Папрати - Голосемени - Скриеносемени

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

PTEROPSIDA - Папратовидни растенија

Типот Pteropsida е најголем тип во растителниот свет. Тоа е доминантна група во рамките на вишите растенија кои имаат мошне значајна улога во составот на растителниот свет на нашата планета. Типот на листовите кај папратовидните растенија во текот на еволуцијата се покажал како многу попластичен, отколку кај останатите групи на виши растенија и истиот бил подложен на разни функционални и структурни преобразувања.

Папратовидните растенија, како и останатите типови од виши растенија го водат своето потекло од псилофитните растенија (Psilopsida - група на фосилни растенија). Овој тип е поделен на 3 оддели, кои одговараат на три различни степени на еволутивен развиток, и тоа:

[su_note note_color="#40e640" text_color="#000000"] Oддел FILICINAE - Папрати [/su_note]

[su_note note_color="#e11312" text_color="#ffffff"] Оддел GYMNOSPERMAE (CONIFEROPHYTA) - Голосемени [/su_note]

[su_note note_color="#e11312" text_color="#ffffff"] Оддел MANGOLIOPHYTA (ANGIOSPERMAE) - Скриеносемени [/su_note]

Одделот FILICINAE е голема група, која денес е претставена со околу 300 родови и над 10,000 видови, но бројот на фосилните претставници бил многу поголем. Папратите се многу попримитивни од семените растенија, па поради тоа теломната природа на листовите кај нив е многу поизразена отколку кај семените растенија. Врз повеќе факти, може да се изведе заклучок дека листовите на папратите се развиле од теломните гранчиња на нивните претходници, т.е од псилофитните растенија. Спроводниот систем е од типот на протостела. За папратите е карактеристично што кај нив се јавува корен. Овој оддел, можеме да го поделиме на 5 класи, и тоа:

I    класа: PRIMOFILICES; Палеозојски фосилни форми. Спроводен систем од типот на протостела, која постепено преминувала кон сифоностела, а многу ретко се среќавала типична сифоностела. Фотосинтезата ја вршеле радијано-симетричните странични гранчиња, чии главни оски се викале филофори (filofori)


II класа: OPHIOGLOSSIDAE; Претставниците од оваа класа претставуваат директни потомци на палеозојските Primofilices; Оваа класа претставува типичен пример на една група од вишите растенија, кај која што различните делови од растението имаат различна еволутивна старост.

Класата опфаќа еден ред Ophioglossales, со една фамилија Ophioglossaceae, со три рода: Ophioglossum, Botrychium и Helminthostachys. 

Првите два рода се широко распространети, така што Ophioglossum главно се среќава во тропските области а Botrychium е ограничен во северните умерени зони. Во фамилијата Ophioglossaceae, спаѓаат мали или средно големи, многѕгодишни тревести растенија, помеѓу кои се присутни и зимзелени форми, додека пак некои тропски видови од родот Ophioglossum се развиваат како епифити. Кај родот Botrychium присутно е слабо секундарно задебелување. Во оваа фамилија спаѓаат и 2 вида кои се развиваат на територија на Република Македонија, и тоа:[su_note note_color="#3ad23a" text_color="#000000"]

Ophioglossum vulgatum - се развива во низинските делови, по влажни и мочурливи ливади и пасишта
Botrychium lunaria - се развива по планински ливади и пасишта од 1000-2500 метри
[/su_note]
III  класа: NOEGGERATHIIDAE;

IV  класа: MARATTIIDAE; Изумрени палеозојски стари папрати, како и рецентни форми кои живеат во Индомалајската област.


V   класа: LEPTOFILICES (LEPTOSPORANGIATAE)

Leptofilices се еволутивно многу помлади во однос на претходните групи папрати. Особено масовно биле развиени следните фамилии: Osmundaeae, Schizaeaceae, Gleicheniaceae, Dicksoniaceae, Matoniaceae и Polypodiaceae. Денес од оваа класа се познати 270 родови со околу 10,00 видови, распространети по целата земјина површина, меѓутоа нивниот број е најголем во тропските и субтропските области. Во областите со умерена клима, се развиваат најчесто во влажни услови, особено по планинските шуми, покрај планински потоци и мочуришита. Во тропските и субтропските области присутни се голем број на епифитски форми, како и лилјани. Се разликуваат по својата големина и покрај малите форми се среќаваат и дрвовидни папрати чија височина достигнува до 15м и повеќе. Скоро сите се многугодишни растенија, а само мал број од нив се едногодишни.

Во оваа класа, се наоѓа редот Filicales, голема група од вишите растенија како и широко распространети низ целата земјина површина. Се среќаваат видови со големина од неколку милиметри (фамилија Hymenophyllaceae), па се до дрвовидни форми, со висина до 15метри (фамилија Cyatheaceae; Dicksoniacaeae). Кај Filicales отсуствува секундарното задебелување. Листовите се разнобразни. Можат да бидат перести, пересто насечени или целокрајни. Кај поголемиот број наши папрати листовите во текот на зимата изумираат со исклучок на неколку од нив (Phyllitis scolopendrium, Asplenium ruta-muraria, Polystichum lonchitis, Ceterach officinarium и други). Листовите додека сеуште се наоѓаат во пупка се спирано свиткани.

Првиот ред, Filicales може да се подели на две трупи: [su_note note_color="#3ad23a" text_color="#000000"]

Simplices: спаѓаат оние фамилии кај кои сите спорангиуми од еден сорус се развиваат истовремено

Complicatae: фамилии кај кои во сорусите се присутни спорангиуми со различна возраст
[/su_note] Голем број од папратите се користат како и лековити растенија, како на пример: Dryopteris filix-mas (машки папрат), Adiantum capillus-veneris и др., додека Pteridium aqulinium е отровно растение. Други типчни претставници за македонија се: [su_note note_color="#3ad23a" text_color="#000000"] Osmunda regalis - реликтен вид Phyllitis scolopendrium Blechnum spicant Asplenum macedonicum - локален ендемит  (клик на текстот за повеќе инфо) Polypodium vulgare (сладок папрат) [/su_note] Вториот ред, Marsileales, кај нас единствено се среќава видот Marsilea quadrofolia, амфибично растение кое се развива на влажни и мочурливи места, по оризишта, канали и покрај езера. Третиот ред, Salviniales, каде спаѓаат две фамилии: Salviniaceae и Azollaceae. Во флората на Македонија, од родот Salvinia, присутен е само видот Salvinia natans.

ГАЛЕРИЈА 

[gallery columns="2" ids="1970,1969,1968,1967,1966,1965,1964"] [su_button url="http://idsbiolozi.com/2016/03/1907/" background="#62b0f6" color="#141617" size="8" wide="yes" center="yes" radius="round" icon_color="#1b1515" text_shadow="0px 1px 0px #010101"] Голосемени растенија - Gymnospermae - ⏩⏩ [/su_button]

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.