Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Нашето сознание за разликите меѓу видовите, кога се работи за долговечноста, е многу скромно. Моето гледиште е дека различните видови, преку еволуцијата, развиле различни трикови за да си го продолжат животниот век. Ако ги проучиме механизмите кои ги развил гренландскиот кит, ќе бидеме во можност да ги развиеме тие сознанија и да ги употребиме во борбата против болестите кои се јавуваат кај луѓето за време на стареење, изјави авторот на студијата од универзитетот во Ливерпул.Научниците издвоиле ДНК од мускулното ткиво на 51-годишна женка од овој џиновски цицач и го споредиле со генетска низа од 18 други цицачи меѓу кои и шимпанзо, слон, стаорец, птица и човек. Откриле генетски промени, кои се поврзани со клетките и ДНК, што им овозможува на китовите отпорност кон ракот, но и многу подолг животен век. Со оглед на тоа дека гренландските китови имаат многу побавен метаболизам од помалите цицачи, тимот на научници откри генетски измени кои се однесуваат на терморегулацијата, конкретно на ген наречен UCP1. Следниот чекор ќе биде експериментирање врз глувците на кои ќе им биде всадена оваа генетска низа за да се утврди влијанието за долговечноста и отпорноста од рак.
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.