Глацијалните езера на планина Јабланица

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Околу 2% од територијата на Македонија е под водена површина.

Има околу 35 реки и 53 природни и вештачки езера. Според количините на водени ресурси Македонија спаѓа во подрачје со задоволителни водни ресурси, но со доста голема нивна нерамномерна распределба.


Планината Јабланица


Јабланица е планина во југозападниот дел на Македонија, помеѓу Охридско –Струшката и Дебарската котлина, западно од Црн Дрим и брегот на Охридското Езеро. Таа е млада венечна планина, со меридијански правец на протегање. Планинскиот гребен е повисок од 2000 метри, а највисокиот врв е Црн Камен- 2257 метри надморска височина.

Врвови повисоки од 2000 метри се Стрижак – 2333,  Крстец – 2185 и Чумин Врв - 2125 метри надморска височина. На Република Македонија ѝ припаѓаат источните планински страни на Јабланица, а западните на соседна Албанија. На Македонија ѝ припаѓаат 255 квадратни километри од планината.

Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци, а преку нив лежат тријаски варовници. Релјефно доминираат високи врвови, пространи ливади и пасишта, длабоки речни долини, карстни и фосилни глацијални облици. За време на ледениот период, високите делови на Јабланица биле зафатени со интензивна глацијација.

На планината се наоѓаат четири глацијални езера.

Богата е со вода, костенова, дабова и најмногу букова шума, како и со богати планински пасишта. Од Вевчани, кон највисокиот врв Црн Камен, водат три обележани патишта. Планината е посетена од голем број туристи од земјава и од странство.

Глацијалните или леднички Езера се бисерите на Јабланица. Тие претставуваат геолошко-хидролошки форми кои водат потекло од последното глацијално доба и нивната старост се проценува на 10000 – 15000 години. Нивното создавање е поврзано со движењето и топењето на огромните глејчери во текот на леденото доба. Денес водата во Езерата потекнува од подземни извори, снежни врнежи и дожд. Од четирите Езера најголемо и најдлабоко е Подгоречкото(1894 м.н.в) со површина од 3999 метри квадратни, додека Вевчанското(1965 м.н.в) е второ по големина. Помали по површина и поплитки се Лабунишкото Горно Езеро (1930 м.н.в) и Лабунишко Долно Езеро (1915 м.н.в) . Специфичен животински вид во езерата е безчерупкестото ракче Chirocephalus diaphanous carinatus кое е загрозено заради уништувањето на неговите станишта кај нас и во Европа.

[su_tabs vertical="yes"][su_tab title="Подгоречко Езеро "]

Подгоречкото езеро е најголемото глацијално езеро на Јабланица. Има вкупна површина од 3.999 m². Максималната издолженост во правец исток-запад изнесува 226 m, а во правецот север-југ 175 m. Неговата најголема длабочина е околу 10 m. Езерото прима вода од потоци и атмосферски талози, кои подоцна преку еден поток истекуваат од езерото. Езерото се наоѓа на надморска височина од 2000 меттри. Специфично за оваа езеро е тоа што во себе содржи специфичен животински свет и има сопствени надворешни и внатрешни извори. Поради неговата површина и местоположба, има големо влијание врз својата околина. Исто така една од карактеристиките е и тоа што ова езеро има иста/слична длабочина како и Дојранското езеро.

[gallery type="slideshow" size="large" ids="2065,2066,2067,2068,2069,2070,2071,2072"]

[/su_tab]

[su_tab title="Вевчанско Езеро "]

Вевчанското Езеро (Вевчанска Локва) или кај народот познато и како Мртво Езеро е второ по големина ледничко езеро на падините на Јабланица над селото Вевчани.

Местоположба


Вевчанското езеро, кое од населението се нарекува Локва се наоѓа на запад од селото Вевчани, на источната планинска страна на Јабланица во изворишниот дел на Вевчанска Река и во непосредна близина на македонско-албанската граница. Сместено е во цирк, односно долот и пределот наречена Голина кој се наоѓа веднаш во источен правец во подножјето под највисокиот јабланички врв Црн Камен висок 2558 метри. Езерото се наоѓа на апсолутна надморска височина од 1993 метри, при максимално ниво на езерската вода.

До езерото може да се пристапи по добро обележана планинарска патека од селото Горна Белица преку врвот Црн Камен или директно кон местноста Криви Вирови, до каде има и пробиен макадамски шумски-пат за лесни теренски возила од кој по 30-40 минути пешки се стигнува до езерото.

Општи одлики на езерото


Езерото има вкупна површина од 2.810 м², должината во правец исток-запад од 126 м, а ширината во север-југ изнесува 64 м, длабоко е 3,95 м. Сепак поради местоположбата во планината и хидрографските одлики езерото забележува промени во однос на овие параметри. Иако тоа е постојано езеро, сепак неговата површина не е постојана, туку таа се менува во текот на годината во зависност од осцилациите што ги прави нивото на езерската вода.

Така при апсолутно максимално ниво наезерската вода површината на Вевчанското Езеро има површина која изнесува 27.807,3 м², при максимално ниво е 21.009 м², при средно тоа зафаќа 15.838 м², а при ниско ниво површината изнесува 7.697 м². Најголемата должина е измерена во правец југозапад-североисток, која при апсолутно маљксимално ниво изнесува 243 м, при максимално е 228 м, при средно е 191 м, а при минимално ниво таа значително се намалува при што се измерени 151 метар. Вевчанското Езеро нема блатна вегетација и затоа се нарекува „мртво езеро“.

[gallery type="slideshow" size="large" ids="2074,2075,2076,2077,2078,2079,2080"]

[/su_tab]

[su_tab title="Горно Лабунишко Езеро "]

Горната Лабунишка локва е мало и едно од четирите глацијални езера на Јабланица. Има површина од 960 m², а обем 274 m. Езерото има кружна форма и растојанието во насока север-југ изнесува 62 m, а во насока исток-запад 56 m. Длабоко е 2,85 m.

[gallery type="slideshow" size="large" ids="2085,2086,2087"]

[/su_tab]

[su_tab title="Долно Лабунишко Езеро "]

Долната Лабунишка локва е најмалечкото од четирите глацијални езера на Јабланица. Има површина од 900 m², а обем 250 m. Езерото има слоро исти карактеристики како Горното. Формата му е скоро кружна и растојанието во насока север-југ изнесува 58 m, а во насока исток-запад 49 m. Длабоко е 2,45 m.

[caption id="attachment_2088" align="aligncenter" width="600"]Поглед на езерото (Л. Локва) Поглед на езерото (Л. Локва)[/caption]

[/su_tab][/su_tabs]


Извори и корисни линкови:

Физичка географија на Република Македонија

Chirocephalus diaphanus

Планинарско друштво Макпетрол

Официјална страна на планината Јабланица

Профил на Thomais Vlachogianni - ResearchGate

Panoramio


Изработил: В.Ѓорѓиев - Еколошка насока (2016)


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.