Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Научниците ги открија фосилните остатоци од диносаурусот Dreadnoughtus schrani, животно кое се смета за едно од најголемите копнени животни што некогаш постоело на Земјата, пишува Independent. Студијата е објавена во списанието Scientific Reports, а претставува долгогодишен резултат од тимска работа на истражувачи од САД и Аргентина.
На научниците им биле потребни 5 години за да ги ископаат остатоците од масивното животно пронајдено во југозападна Патагонија, Аргентина. Според нивната процена, диносаурусот живеел пред околу 77 милиони години, најверојатно тежел околу 65 тони и бил долг околу 26 метри.
„Dreadnoughtus schrani бил изненадувачки големо животно кое тежело околу дванаесет африкански слонови“, смета професорот Кенет Лаовара, главен автор на студијата. Според него, ова откритие е најдобар пример за едно од најголемите суштества кои некогаш постоеле на нашата планета. Коските се толку големи што научниците морале дигитално да ги скенираат за да направат 3D модел, а во меѓувреме се вршат повеќе анатомски испитувања за да се дознае како овие џиновски диносауруси живееле во минатото. https://www.youtube.com/watch?v=2IwPDVgGqVoДатум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.