Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
[su_box title="Што е проектот 'Птиците на Скопје'?" box_color="#b3e9a7" title_color="#111010"]
Нашиот проект „Птиците на Скопје“ има за цел да ги проучи и да ја запознае јавноста со птиците кои ги сретнуваме по кејот на реката Вардар, во Градскиот Парк и на езерото Треска.
Кои се тие? Колку се на број? Како живеат? Каде гнездат? Со што се хранат?Одговорите на овие прашања се обидуваме да ги дознаеме преку истражувачките терени, а добиените резултати ги споделуваме со вас на овој блог.
Ќе ви ги претставиме најинтересните видови на птици и ќе се обидеме да ги доловиме најмистериозните делови од нивните животи.
Зошто токму птиците?
Бидејќи секојдневно ги одминуваме и не ја забележуваме нивната убавина, бидејќи не сме свесни за нивната разновидност во нашиот главен град и бидејќи редно време е да ја сфатиме нивната значајност.
Ајде да ги сакаме птиците на Скопје!
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.